Министерот за здравство Баким Сали на 3 февруари 2022 година во НУ Спомен куќа „Мајка Тереза“ се сретна со поглаварите на верските заедници, при што упати порака дека единствена, докажана, најдобра и најсоодветна можност за заштита од вирусот Ковид-19 е токму вакцинацијата.
На средбата покрај бискупот Киро Стојанов, присуствуваа поглаварот на МПЦ – ОА г.г. Стефан, Реис ул-Улема на Исламската верска заедница, Шаќир Фетаху, претседателот на Еврејската заедница во Македонија, Пепо Леви и супериндендентот на Евангелско-методистичка црква во Македонија, Марјан Димов.
Фото: Министерство за здравство/к.мк