Повеќе од 350 луѓе се молеа во Европскиот парламент

Повеќе од 350 луѓе се молеа во Европскиот парламент

„Еве ме, Господи“ беше мотото на овој настан!

Европскиот парламент честопати е место на кое се гласа против животот, против надежта и против христијанските вредности, меѓутоа поединци христијани, а меѓу нив и хрватката Маријана Петир го пробиваат духот на вистината, па така во парламентот прават незамисливи работи. И додека Европа сѐ повеќе се дави во нетрпеливост кон сѐ христијанско, како светлина во темнината се појавува Молитвениот доручек, настан на кој се моли и се сведочи верата!

Така, Европскиот молитвен доручек на 6 и 7 декември во Европскиот парламент во Брисел собра повеќе од 350 гости од сите краишта на Европа и светот(…).

Под мотото „Еве ме, Господи!“ деветнаесетиот по ред молитвен доручек во Европскиот парламент ги собра политичарите, дипломатите, бизнис луѓето, водачи на невладини организации и поединци на кои им е заедничко верата во Исуса Христа за да размислуваат заедно за предизвиците пред кои Европа и светот денес се наоѓаат и да се охрабрат за понатамошно делување.

Како говорници на 19. Европски молитвен доручек учествува поранешниот премиер на Етиопија Тамрат Лаин и принцезата Маргарита од Лихтенштајн. И двајцата учесници на молитвениот доручек споделија силни сведоштва за верата.

Лаин зборуваше за својот пат на преобраќање од герилец и комунист до ревносен човек за верата, кој денес патува по светот охрабрувајќи ги луѓето со својата животна приказна. Се осврна и на кризата во која денес Европа се наоѓа и рече дека Европа нема да ја спаси, ниту материјалното богатство, ниту човековата мудрост, ниту земските водачи, туку Бог Кој што и денес ни поставува искушенија. „Европа се наоѓа пред клучен предизвик. Господ прашува: Кого да испратам? На нас е да одговориме: Еве ме, испрати ме мене!“, рече Лаин.

Принцезата Маргарита од Лихтенштајн сподели многу лично искуство со учесниците на 19. Европски молитвен доручек, импресивно сведоштво за бременоста и мајчинството како и за отвореноста за животот. И таа исто така посведочи дека во животните искушенија потребно е да се потпреме на Бога Кој тие искушенија ги става пред нас за да ја провери нашата вера. Зборуваше и за својот чичко кралот Баудоин кој и бил животен пример затоа што секогаш покрај своите секојдневни обврски наоѓал време за молитва. Принцезата Маргарита од Лихтенштајн рече дека во Европа и во светот денес од било кога се потребни водачи кои појдовна точка за своето делување пронаоѓат во верата. (…)

Осврнувајќи се на темата на 19. Европски молитвен доручек, Петир рече дека Божјиот повик за наследување е прилично радикален затоа што тој бара да ја напуштиме својата удобност и сигурност и така со животот да сведочиме тоа што го проповедаме. Потоа ги охрабрила сите присутни да одговорат на овој повик. (…)

дневно/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот