Писмо на Атанасиј Библиотекарот до Карло Велики за Свети Димитриј

Писмо на Атанасиј Библиотекарот до Карло Велики за Свети Димитриј

Анастасиј Библиотекарот, голем изучувач на грчкиот јазик во христијанскиот Запад кој во периодот од 9. век им служеше на папата Адријан II (867-872) и на папата Иван VIII (872-882) како библиотекар во Римската црква, од каде потекнува и неговиот прекар. Анастасиј од грчки на латински ги превел Делата од вториот Никејски Собор (787) и оние од Шестиот собор во Костантинопол (869-870), како и многубројни легенди и животописи на светци и други списи. Испрати еден свој превод од грчки од делата на свети Димитриј до кралот на Франките Карло (823-877) во 876 година. (…) и збирка од чудата на светецот.

Анастасиј сиромавиот до најславниот и секогаш највеличествен господар, кралот Карло, кој што ја поседува својата круна и своето царство преку Христос.

Од неодамна ги преведов животописот и чудата на блажениот маченик Димитриј Солунски од грчки на латински за да ги утврдам моите браќа, особено оној пообразованиот човек, Иван Ѓаконот, кој вана вас ви беше добро познат заради правоверноста на вашата вера и на блесокот од вашето познавање. Овој Иван во сопствената куќа имаше една капела, прекрасна заради нејзината древност и убавина, посветена на овој маченик: и покрај тоа не знаеше кој би можел да биде овој Христов маченик. Така, од моментот кога имам познавање за градот Солун каде што неговото скапоцено мирисно тело лежи погребано и сјае заради прекрасните чуда, му ја објаснив историјата за текот на настаните. Но затоа што не сакам вашето височество да не биде скратено од познавањето и можноста на ова ново, се погрижив да ви ја испратам и на вас оваа приказна; со цел, преку посредувањето на светците и пријатели Божји, како и преку молитвата до овој светец, вашето височество да добие милост пред Бога и да го заслужи уживањето во вечната слава. За да може Царот над царевите и Господарот над господарите да го сочува вашето царство со својата десница, и да ве доведе од ова привремено царство во вечното царство.

Животопис

Кога императорот Максимилијан доаѓаше во градот Солун, бидејќи беше суеверен човек ги прогонуваше оние кои ја слушаа вистинската религија и ги уби. Помеѓу нив беше и блажениот Димитриј, кој правел добри дела уште од својата младост и ги поучувал и другите, покажувајќи им дека не поседува никаков страв. Поучуваше всушност како божествената Премудрост слезе на земјата од небото, со цел човекот кој беше мртов заради гревот да биде оживеан од неговата сопствена крв. Додека ги поучуваше на овие и на други работи, некои императорски службеници кои беа задолжени за фаќање на христијаните, го заробија свети Димитар и му го доведоа на императорот Максимилијан.

Тоа се случи додека императорот одел во градскиот амфитеатар за да ги гледа оние кои се спремаа за борба. (…) за него беше задоволство да го гледа крвопролевањето на луѓето. Сепак тој не бил без немир и возбуда за она што беше речено околу неговото задоволство. Гореше од желба за еден човек по име Лиј, кој сам се борел, а кој злоупотребувајќи ја моќта на големината на неговото тело, беше веќе убил многумина, поседувајќи знаење и искуство за убивање преку теорија и пракса. Бидејќи сите се плашеа од него и се чинеше дека не би постоел некој кој би можел да му се спротистави, Максимилијан имаше голема симпатија кон него, почитувајќи го и обично го гледаше со големо задоволство. Го фалеше и му се восхитуваше, го славеше во ароганцијата на човекот, како да е во прашање нешто огромно.

Кога се приближи во близина на стадионот, оние кои го беа заробиле блажениот Димитриј, го доведоа пред него. Откако слушна дека бил христијанин, императорот, бидејќи бил целосно обземен од спектаклот во близината, нареди блажениот Димитриј да го затворат во истото оваа место во близина на стадионот и да биде чуван под стража во јавната бања. Императорот седна, и кога го пуштија Лиј во арената, праша кој би бил подготвен да влезе во борба со него, ветувајќи и нудејќи награда. И еден млад човек по име Нестор излезе надвор од погорните скалила и посакувајќи да се бори, застана пред Лиј, така што шокиран Максимилијан го повика Нестор, кој заради тоа скокна надвор, и го посоветува, велејќи му: „Разбирам дека недостатокот на пари те издига во оваа состојба на фантазија која или затоа што ќе заработиш освојувајќи едно такво ненадејно богатство или, прелажен од ветувањето, заедно со животот сакаш да се ослободиш од суровата сиромаштија. Но јас, од сожалување за твојата младост со која си украсен, ќе ти дадам исто така награда достојна и задоволнителна заради твојата извонредна храброст. Затоа оди си, со твојот живот ќе ја добиеш и наградата. Не фрлај се против Лиј, бидејќи тој победи многу посилни од тебе“.

Кога Нестор го слушна ова, не го прифати предупредувањето од императорот, ниту пак се плашеше од силата на Лиј. И му одговори на императорот: „Не дојдов да се борам за награда, како што ти тврдиш, туку со цел да си докажам на самиот себе дека сум подобар од Лиј. Тогаш императорот како и оние кои беа со него, подржувачи на Лиј, се разгневија на зборовите на Нестор, не толерирајќи ја неговата претпоставка. Затоа императорот го увери Лиј и му ја потврди својата доверба во него. Додека Лиј, од негова страна, побрза да се покаже достоен за извршување на одлуката на императорот. И кога почна борбата, Лиј претрпе смртоносен удар и наеднаш падна мртов, предизвикувајќи кај императорот екстремен немир. Заради оваа причина, без да го почитува дадениот збор и ветената награда на Нестор, веднаш скокна од своето место и нажален се врати во својата палата. Кога некои, потсетувајќи го на Димитриј се распламти неговиот гнев и нареди веднаш да го прободат со меч на самото место каде што беше затворен. На тој начин блажениот Димитриј го исполни сведоштвото за доброто исповедање на својата вера. Неговото тело беше сметано како небитна работа за неговите убијци, но некои побожни луѓе тајно влегоа ноќе и земајќи го од местото на кое беше фрлено, и направија дупка колку што можеа, се погрижија да го погребат на таков начин колку да не биде растргнато од некое свирепо и сурово животно.

После овие настани, никој не се погрижи да го подмести малото тело на светецот, туку остана под една надгробна плоча. Потоа, откако малку се прослави, на оваа исто место се случија многу чуда и оздравувања над оние кои го повикуваа со вера. Кога вредноста на маченикот достигна до сознание на сите, Леонтиј, секако сакан од Бога, човек кој даде престиж на седиштето на илирската префектура, го изми и го исчисти објектот во кое се наоѓаше пресветото тело на маченикот, и ослободувајќи го од секое оштетување, од моментот кога беше многу натажен, сокриен од сите страни, и ограничен од тремовите на јавните бањи и од стадионот. Го прошири, подигна капела во чест на светиот маченик Димитриј за прослава на нашиот Господ Исус Христос, кому заедно со Отецот и Светиот Дух им прилега слава, чест и моќ  во вечни векови.

Анастасиј Библиотекарот/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот