Во четврток 7 март 2024 година во просториите на парохијата „Свети Кирил и Методиј’ во Петралници се одржа духовна обнова за свештениците од Струмичко – скопската епархија, на која учество зеде и Н.В.П. монсињор д-р Киро Стојанов.
Свештениците најпрво во црквата измолија Шести час, а потоа следуваше предавање од отец Ристо Самарџиски – парох во Гевгелија, на тема: Маѓепсаниот круг е прекинат (ѓаволскиот круг е скршен) врз сонова н Евангелието од Марко 1,12-15. Во рамки на духовната обнова свештениците заедно молеа Света Бројаница и имаа можност за света Исповед.
Светата Литургија ја предводеше Н.В.П. монсињор Киро Стојанов, а проповедаше протојереј ставрофор отец Марјан Ристов, епархиски канцелар и душогрижник за верниците од источен обред во Скопје. По повикот на епископот Стојанов на крајот од Литургија свештениците се помолија за наканите на Светиот Отец и молитвената месечна накана за март 2024 година која е за повторно откривање на вредноста на молитвата.
Духовна обнова заврши со агапе и заедништво во парохиската сала.
Ватикан њуз/к.мк