Без разлика во каква телесна или душевна состојба е човекот, тој го задржува своето оригинално достоинство создаден според Божја слика и образ – истакнаа перуанските епископи како одговор на случајот Ане Естрада објавено во службено соопштение во кое се повторува дека Црквата преку примерот на Исуса добриот Самарјанин секогаш помага, лекува и ги придружува болните, сигурна дека целиот човечки живот е неотуѓив и има бескрајна вредност затоа што е Божји дар.
Страшното искуство на пандемијата кое го преживеваме и кое предизвика смрт на илјадници сонародници – истакнуваат епископите – нѐ обедини во неуморното настојување да го спасиме животот и тоа целосниот живот до последниот момент без никакви разлики или исклучоци затоа што се водиме од љубовта кон ближниот и во секој болен го препознаваме истиот Христос кој страда во телото на братот.
Со одлуката донесене изминатите денови, судијата одреди декриминализација на евтаназијата за случајот Ане Естрада, првата личност која во Перу побара да може да одлучи кога ќе умре со медицинска помош. Меѓутоа судијата го одби барањето за создавање прописи за идни слични случаи. Пред отприлика две години Естрада стана борец за својата цел преку својот блог „Ana Busca La Muerte Digna“ (Ана бара достојна смрт). Но, чинот на ставање крај на животот на личност која изрично и свесно бара смрт во таа земја е злосторство кое се казнува со 3 години затвор.
Го разбираме страдањето на Ане – се наведува во соопштението на Епископската конференциј на Перу. Ја изразуваме својата близина и ги гарантираме своите молитви. Но, во тие околности, добро е да се сетиме на сведоштвата на многу луѓе кои ја проживеале мистеријта на болката и болеста од искуството на својата вера пронаоѓајќи во тоа смисла за своето страдање претворајќи го болничкиот кревет или својот дом во вистински олтар од кој се покажува вредноста на животот, заедно со членовите на семејството и со оние кои вложиле напори за да ги излекуваат.
Евтаназијата секогаш ќе биде погрешниот пат затоа што нападот на неотуѓивото право на живот, директно предизвикува смрт на човечкото битие и затоа во суштина е ужасен чин во сите прилики и околности – повторија епископите. Повикувајќи се на уставните начела во соопштението се наведува дека највисоката цел на општеството и на државата е одбрана на човечкото битие и почитување на неговото достоинство. Тоа значи да се грижиме за животот, почитувајќи го и промовирајќи го од зачнувањето до неговиот природен крај затоа ниту една власт не може законски да интервенира по тоа прашање. Не смее да се толерира дека државното тело се обидува да ја промени уставната одредба и да промовира дела против тоа свето начело – одлучно истакуваат епископите.
Следува повик таквите одлуки да не се делат. Мора да бараме почитување на приговорот на совеста – објаснуваат епископите и додаваат дека треба да се вреднува извореден постепен развој на технологијата која со неверојатна брзина ги зголеми клиничките способности на медицината во дијагностиката, терапијата и негата на болните што се смета за скапоцено добро за да ни помогнат во борбата како што истакна папата Фрањо против сѐ што смртта ја прави уште поисполнета со болка и осаменост. На крајот перуанските епископи помогнаа да погледнаме на добриот Самрјанин како би можеле во благородна грижа за нашите болни браќа да бидеме знак на надеж и квасец на единството околу нашите највисоки вредности.“
Ватикан њуз/к.мк