„Папските“ пожарникари и реставратори помагаат во Нурсија

„Папските“ пожарникари и реставратори помагаат во Нурсија

На 15 ноември 2016 година папата Фрањо во Нурсија ја испрати противпожарната служба на градот – држава Ватикан.

Пет мажи на чело со инженерот Паоло Де Анџелис ќе бидат на располагање во градот на свети Бенедикт и во другите подрачја во долината Валнерина кои на 24 август, а потоа и на 26 и 30 октомври се погодени од земјотрес. Со тоа тие им се придружија на другите противпожарни единици кои веќе се наоѓаат на тоа подрачје за да ги спасат артефактите внатре во срушените цркви и да им помогнат на луѓето во пронаоѓањето на личните работи од оштетените домови.

„Бескрајно сме му благодарни на Папата – рече месниот надбискуп монс. Ренато Бокардо – за овој најнов гест на близина со народот во Валнерина. Светиот Отец внимателно ги следи случувањата во родниот крај на свети Бенедикт кој беше тешко оштетен во земјотресите. Сите се сеќаваме дека на 4 октомври го посети Пелегрино во Нурсија, а исто така на 2 ноември се јави по новите потреси да ни ја загарантира својата молитва. Сега ни ги испраќа „своите“ пожарникари и на располагање стави група реставратори од Ватиканските музеи кои без надомест на уметничките дела од срушените и оштетени цркви ќе им ја вратат старата слава. Оваа близина на Петровиот наследник – заклучи надбискупот Бокардо – за сите нас е причина за голема надеж.“

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот