Папата ќе ја започне кампањата „Сподели патување“

Папата ќе ја започне кампањата „Сподели патување“

На 27 септември 2017 година, папата Фрањо ќе ја започне кампањата на хуманитарната организација „Каритас Интернационалис“ под слоганот „Сподели паување“, која има за цел, да промовира приближување со мигрантите и бегалците. Соопштението го објави „Осерваторе Романо.“

Како што тврди претседателот на „Каритас Интернационалис“ и архиепископ на Манила, кардинал Луис Антонио Тагле, „преку културата на приближување ќе го најдеме патот на мирот.“

Кампањата има за цел миграција да се гледа со „други очи и со отворено срце,“ за да се „отфрли стравот“ и да се разбере „зошто толку многу луѓе ги напуштаат своите домови.“

Во писмото филипинскиот кардинал Тагле ги повикува членовите на 165 национални организации, кои се дел од големата „мрежа“ на „Каристас Интернационалис“, да „ги спојат рацете и срцата“ и да формираат „човечки синџир од љубов и милосрдие.“ Кардиналот пишува: „не треба да заборавиме дека го примаме Христос, кога ги отвораме срцата за мигрантите и бегалците.“

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот