Папата ја реформира „школата за нунции“: Свештениците мора да бидат подготвени да се соочат со денешните предизвици

Во вторник, 15 април 2025н година, беше објавен хирограф со која папата Фрањо ја обновува програмата за обука на Папската црковна академија, институцијата која подготвува дипломати за Светиот Престол. Целта е на младите свештеници да им се обезбеди сеопфатна и соодветна подготовка за дипломатската мисија. Академијата е формирана како високообразовна институција; ќе доделува академски дипломи и ќе обезбеди наставна програма која ги интегрира правните, историските, политичките, економските и јазичните вештини
Сеопфатна и соодветна обука за извршување на дипломатски мисии во различни народи, за соочување со предизвиците на светот кој постојано се менува, особено на полето на технологијата и со служењето во нунцијатурите да не се изгуби свештеничка служба способна за близината, слушање, сведочење и дијалог. Со хирографот со наслов Il Ministryo petrino (Служење на Петар), потпишан на 25 март, а објавен на 15 април 2025 година, папата Фрањо ја обновува програмата за обука на студентите на Папската црковна академија, дипломатскиот центар на Светиот Престол – исто така позната како „школа за нунции“ – каде ги обучува своите идни нуцнции повеќе од 300 години, кои своето звање го ставиле во служба на Петровиот наследник, работејќи во папските претставништва и во Државниот секретаријат.
Токму за студентите на Академијата, повеќе отколку за самата институција, беше осмислена реформата на Папата, чија цел е, преку мали промени и размислувања, да се зајакне примената на дарот на свештенството за оние кои се повикани на постојаната служба за да се приближи грижата и службата на Папата за народите и црквите. Целта – се нагласува во соопштението на Светиот Престол – е на студентите – младите свештеници од бискупиите ширум светот да им се обезбеди сеопфатна и соодветна подготовка за дипломатската мисија која им е доверена.
Установа за високо академско образование
Патот на образование на идните папски претставници комбинира теоретски вештини со метод на работа и начин на живот кој може да гарантира длабоко разбирање на слоевитата динамика на меѓународните односи – објаснува Светиот Престол во соопштението. Меѓу главните новини на хирографот се издвојува конституирањето на Академијата како институција ad instar Facultatis за изучување на дипломатски науки. Со други зборови, Папската црковна академија е конфигурирана како институт за високо академско образование од областа на дипломатските науки – како што стои во соопштението од Светиот Престол. Оваа одлука е дел од пошироката визија за модернизација и квалификација на црковните студии во согласност со меѓународните стандарди за високото образование.
Со оваа реформа Академијата ќе доделува академски дипломи од втор и трет циклус на дипломатски науки. Исто така, ќе обезбеди формативен curriculum, која вклучува правни, историски, политички науки, економски и јазични вештини, со солидна научна основа.
Црковна дисциплини и евангелизација
Поконкретно – се објаснува во папскиот документ – ќе се внимава наставните програми да бидат тесно поврзани со црковните дисциплини, со методот на работа на Римската курија, со потребите на локалните Цркви и, пошироко, со потребите на евангелизацијата, делувањето на Црквата и нејзиниот однос со културата и човечкото општество. Според мислењето на папата Фрањо, тоа се всушност елементи кои се подеднакво конститутивни за дипломатското дејствување на Светиот Престол и неговата способност да дејствува, посредува, да ги надминува бариерите и на тој начин да развива конкретни патишта на дијалог и преговори со цел да се гарантира мир, слобода на вероисповед за секој верник и поредок меѓу народите.
„Будното и јасно“ око на Папата
Папата Фрањо веќе интервенираше во процесот на формирање на Црковната академија во февруари 2020 година, одредувајќи, преку писмо, во наставната програма на студентите да се вклучи „една година целосно посветена на мисионерската служба“ во црквите во Азија, Африка и Латинска Америка. Еден вид „пракса“ за проширување на знаењето за различните црковни реалности во светот и обесхрабрување на било каков кариеризам. Во истиот дух, со хирографот папата Фрањо започнува нов период за оние кои – како што беше нагласено – остануваат „будно и јасно око на Петровиот наследник над Црквата и светот“, исто така во моменти во кои изгледа дека „сенките на злото го обележуваат секое делување на збунетост и недоверба“.
Папските дипломати вршат пасторална работа која го истакнува нивниот свештенички дух, човечките квалитети и професионалните способности – нагласува Папата. Таквото дејство е поврзано и со застапување пред јавните власти, што бара почитување на правилата на меѓународното право засновани на животот на Заедницата на народите. Нашето време покажува дека оваа служба повеќе не е ограничена само на земјите каде што навестувањето на спасението е вкоренет со присуството на Црквата, туку се врши и во области каде што таа заедница се појавува или на меѓународни собири каде што Петровиот Престол внимава на дискусиите, ја оценува нивната содржина и дава толкување на важни теми кои ја вклучуваат сегашноста и иднината на човечкото семејство.
Повеќе синодалност
Според тоа, не се работи само за обезбедување на академска и научна обука со високо ниво на квалификација, туку да се гарантира дека нивното дејствување е црковно, со неопходното соочување со реалноста на нашиот свет, особено во време како нашето, обележано со брзи, постојани и значајни промени во областа на науката и технологијата.
Затоа, теоретското знаење повеќе не е доволно, туку е потребен метод на работа и начин на живот кои овозможуваат целосно разбирање на динамиката на меѓународните односи и „оценување при толкувањето на целите и тешкотиите со кои мора да се соочи една сè повеќе синодална црква“.
Ватикан њуз/к.мк