Папата Фрањо се сретна со Меријам Ибрахим

Суданката Меријам Ибрахим во четврток 25 јули 2014 година се сретна со папата Фрањо по пристигнувањето во Италија со авион на италјанската влада. Во Италија пристигна со своето семејство откако конечно беше пуштена од затворот каде ја чекаше смртна казна.

Потпаролот на Светата Столица патер Федерико Ломбарди изјави дека Меријам и нејзиното семејство Папата ги прими во домот Света Марта, а во текот на 30 минутниот разговор Светиот Отец и заблагодари за сведочењето на верата и упорноста.

„Средбата беше и знак на близина со сите кои страдаат заради верата. Тоа е чин кој далеку ја надминува самата средба, додаде патер Ломбарди.

Оваа 27 годишна христијанка беше осудена на смрт заради отфрлање на исламот, но поради силниот меѓународен притисок, Апелациониот судот ја укина смртната пресуда. Во текот на престојот во суданскиот затвор во месец мај оваа година, таа роди девојче, додека со неа постојано бил и нејзиниот двегодишен син. Нејзиниот сопруг Даниел Вани е христијанин од Јужен Судан кој има и американско државјанство.

Меријам со семјството во Италија ја придружуваше заменик министерот за надворешни работи Лапо Пистели.

Европскиот парламент донесе резолуција со која го осуди овој случај, оценувајќи дека кон Меријам суданските власти се однесувале понижувачки и нехумано.

Италјанскиот премиер Матео Ренци исто така предупреди на случајот Меријам Ибрахим истакнувајќи дека не можеме да се нарекуваме Европа, ако за ова нема европска реакција.

Сепак семејството на Меријам не се согласува со нејзиниот избор и дури покренале тужба во која бараат поништување на нејзиниот брак.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот