Папата Фрањо се сретна со колумбиските епископи

Папата Фрањо се сретна со колумбиските епископи

На 7 септември 2017 година, папата Фрањо се сретна со колумбиските епископи, охрабрувајќи ги да понудат практични насоки и духовно водство во овој клучен момент во историјата на нивната земја.

Големиот колумбиски писател Габриел Гарсија Маркез, добитник на Нобелова награда за литература, претставуваше вдахновние за Светиот Отец додека ја истражуваше сложената реалност на колумбиската Црква и ги охрабруваше епископите да го придружуваат народот на патот на простувањето, помирувањето и мирот.

Откако ја цитираше книгата на Маркез „Сто години самотија“, папата Фрањо зборуваше за посебниот вид на морална храброст која е потребна за мирот, за разлика од војната која ги следи најниските инстинкти на нашето срце. Зборуваше за стравот како за отровен корен, горчлив плод и болно наследство од секој конфликт.

За да се бориме против стравот, Светиот Отец ги поттикна црковните водачи да бидат чувари и света тајна на првиот чекор, потсетувајќи така на темата на својата интензивна четиридневна посета. Зборуваше за клучните текстови од Стариот Завет во кои се покажува како Бог го преземе првиот чекор кон нас – во создавањето, во Едемската градина, во тоа што Авраам го направи за татко на многу народи, пред да го испрати на крајот својот Син Исус, како конечен, неповратен чекор.

Како што го предизвика колумбиските претседател, повеќе да вклучува, така ги предизвика и епископите на таа земја да ги вклучат многуте различни искуства и изрази на Црквата, посебно нејзините африкански корени, како и нејзината амазонска, домородна мудрост и духовност.

Потсетувајќи на посетата на своите претходници, блажениот Павле VI и свети Иван Павле II, папата Фрањо рече дека не дојде со список на работи кои треба, односно не треба да ги направи, туку ги потсети епископите дека имаат единствена улога во проповедањето на мирот и помирувањето.

Како што Габриел Гарсија Маркез зборувал за „постојаноста на животот пред смртта“, која им помогнала на неговите ликови да ги преживеат сите видови на неволји и пречки, така и Папата ги поттикна колумбиските епископи да се доверат на Божјата љубов, наоѓајќи слобода и веродостојност за да им помогнат на луѓето да напишат ново поглавје во историјата на нивната земја.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот