На крајот од Генералната аудиенција во среда 5 август 2020 година папата Фрањо упати апел по повод силната експлозија во Бејрут во која над 100 лица ги загубија животите, а повеќе илјади се повредени. Папата се обрати на сите општествени, политички и верски субјекти и упати молитва за жртвите и нивните семејства.
После летната пауза во јули, Папата ја посвети катехезата на Генералната аудиенција на темата оздравување, потсетувајќи се на разните, а сѐ уште отворени, рани поврзани со пандемијата Ковид – 19. После катехезата Папата упати молитва за Либан, а посебно за Бејрут, каде на 4 август се случи разорна експлозија, со невидливи размери во историјата на таа земја.
Папата најпрво молеше за жртвите и нивните семејства, спомнувајќи десетици загинати и илјадници повредени. Потоа упати апел до сите општествени, политички и верски компоненти да работат заедно за да може Либан да ја преброди оваа криза.
Вчера во Бејрут во близина на пристаништето, во две многу силни експлозии десетици луѓе ги загубија животите, а илјадници се ранети и се предизвикани сериозни оштетувања. Да се молиме за жртвите и нивните семејства. Да се молиме и за Либан за да може со залагање на сите свои општествени, политички и верски субјекти да се соочи со овој трагичен и болен момент и со помош на меѓународната заедница да ја надминат оваа сериозна криза низ која поминува – рече Папата во својот апел.
Ватикан њуз/к.мк