Кардинал Милер постсиндалниот Апостолски поттик го нарече „документ на помирувањето“.
Папата Фрањо со писмо му се заблагодари на поранешниот префект на Конгрегацијата за наука на верата кардиналот Герхард Милер за книгата која германскиот кардинал ја напиша во 2017 година и за неговиот коментар поврзан со Aпостолскиот поттик за Синодата за Амазонија, објави Едвард Пентин.
„Драги брате, најискрено ти се заблагодарувам за книгата „Папа – мисија и мандат“ и за текстот за постсинодалниот поттик „Querida Amazonia“, кој ми се допадна“, пишува папата Фрањо во писмото испратено истиот ден на објавата на Aпостолскиот поттик.
Освртот на Милер, на кој папата Фрањо се повика е објавен во National Catholic Register, а носи наслов „Документ на помирувањето“. Во него германскиот кардинал го фали неодамна објавениот поттик, пишувајќи дека во него не се наоѓаат „драматични и вознемирувачки заклучоци“, туку дека е пишуван со „личен и привлечен тон.“
Поранешниот префект на Конгрегацијата за наука на верата истакнува дека желбата на Папата е да ги придобие сите луѓе со добра волја за „позитивен развој“ на амазонските подрачје за сите христијани кои таму живеат да можат да ја „доживеат воздигнувачката и обединувачката сила на Евангелието.“
Спомнувајќи го и прашањето за инкултурацијата кое е едно од клучните за евангелизација на Амазонија, кардиналот истакнува дека Црквата „никогаш не отфрлала сè што доаѓало од поганството“. Тоа не важи само за грчката филозофија и мудоста на народот, туку и за митовите, легендите и приказните кои можат да бидат издвоени во своето егзистенцијално значање, и да бидат плодни за мисионерското делување“, напиша Милер напоменувајќи дека секогаш мора да постои разграничување „помеѓу почитувањето на Создателот и созданијата.“
Понатаму во текстот во кој го спомнува и прашањето за ракополагање на оженети мажи, Милер истакнува дека за лаиците кои се „повикани на различни начини директно да соработуваат со апостолатот на хиерархијата“, клучно е да не паднат во „функционализам“. „Лаиците не се дефиниран факт дека можат да прават сè освен она што е задржано исклучиво за свештениците, туку со своето учествување во целата мисија на Црквата, врз основа на Крштението и Миропомазанието“, пишува кардиналот.
Милер својот текст го завршува со повикот во расправата околу viri probati, последниот збор да го препуштиме на Господ кој беше „полн со милосрдие за изморените и исцрпени луѓе кои биле каков овци без пастир.“
Ватикан њуз/к.мк