По завршувањето на молитвата Ангел Господов на 13 септември 2020 година, Папата се осврна на протестите коисе одржуваат ширум светот поради политички и социјални околности, охрабрувајќи ги да бидат мирни и ослободени од насилство и изрази солидарност и блискост со жртвите од пожарите што го уништија бегалскиот камп Морија на Лезбос.
Драги браќа и сестри,
Во последните денови, низа пожари го уништија бегалскиот камп Морија на островот Лезбос, оставајќи илјадници луѓе без покрив над главата, кој беше и така несигурен. Сè уште се сеќавам на мојата посета таму и на апелот упатен заедно со Вселенскиот патријарх Вартоломеј и архиепископот на Атина Јероним, за да се обезбеди „хумано и достоинствено прифаќање на жените и мажите мигранти, бегалци и баратели на азил во Европа“ (16 април 2016 година). Изразувам солидарност и блискост со сите жртви на овие драматични настани.
Понатаму, сведоци сме овие седмици во целиот свет – во многу делови – на бројни протести на граѓани кои изразуваат сѐ поголемо незадоволство од цивилното општество во овие посебно критични политички и општествени прилики Ги повикувам протестантите своите барања да ги изнесуваат на мирен начин, да не подлегнуваат на искушенијата за агресија и насилство, апелирам на сите оние кои имаат јавни служби и одговорност во управувањето да го слушнат гласот на своите сограѓани и да ги задоволат нивните праведни потреби, обезбедувајќи им потполно почитување на човечката и граѓанска слобода. Ги повикувам, на крајот, црковните заедници кои живеат во тие средини со водство на своите пастири, да се залагаат за дијалог, да бидат секогаш во корист на дијалогот и во корист на помирувањето – зборувавме за простувањето, за помирувањето.
Поради оваа ситуација со пандемијата, оваа година традиционалната колекта за Светата Земја е префрлена од Велики Петок на денес, во пресрет на празникот Воздвижение на Светиот Крст. Во моменталните околности таа колекта сѐ уште е знак на надеж и солидарна близина со христијаните кои живеат во Земјата во која Бог се овоплоти и умре и воскресна за нас. Денес духовно да ходочастиме, со духот, со срцето во Ерусалим, каде како што вели Псалмот се нашите извори и да направиме гест на великодушност за таа заедница.
Ватикан њуз/к.мк