Папата Фрањо пристигна во Милано

Папата Фрањо пристигна во Милано

На 25 март 2017 година папата Фрањо е во пасторална посета на италијанскиот град Милано.

Својата посета ја започна на периферијата: најпрво утрото во 8.15 часот ја посети „Каса Бјанче“ на истокот на градот, каде се сретна со ромски, муслимански и бегалски семејства. Потоа отпатува во миланската катедрала, каде одржа говор за свештениците и лицата со посветен живот. Околу 11.00 часот ќе ја предводеше молитвата Ангел Господов на катедралниот плоштад, а потоа се упати кон затворот Сан Виторе за да се сретне со затворениците и да руча со нив. Светиот Отец во 14.00 часот го предводеше свеченото литургиско славење во паркот Монца. Последната посета на Папата е стадионот Сан Сиро, каде ќе се сретне со младите кои неодамна примија миропомазание.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот