Папата Фрањо во сабота 17 март 2018 година крена по стапките на Падре Пио, посетувајќи го најпрво Пиетрелчина, родниот град на тој италијански светец. Откако кратко се помоли во капелата на свети Фрањо од Асизи, Светииот Отец на градскиот плоштад се обрати на присутните верници и членови на капучинската заедница во Пиетрелчина, истакнувајќи ја љубовта кон сиромашните, постојаната молитва и трпеливото слушање кое го сведочеше свети Падре Пио и ги поттикна да го чуваат скапоценото богатство на христијанското и свештеничкото сведочење на тој светец.
Во својот говор Папата се присети на раните години на Падре Пио во Пиетрелчина и неговото пристапување во Редот на малите браќа капуцини, во чија заедница тој брат интензивно посредуваше за таинството на Бог, кој нас толку многу нѐ љубеше, што самиот себе се дарува за нас. Папата Фрањо напомена дека тој капуцин никогаш не ги заборави своите корени, ниту пак своето семејство. Потоа зборуваше за периодот кога за светецот не беше така лесно: маките на фратарот поради ѓаволските напади. Светиот Отец рече дека одговорот на страшните појави Падре Пио ги пронаоѓаше во живата сила на молитвата и во предавањето на Христос. Тоа е целата теологија – истакна Папата и продолжи: Имаш проблем, тажен си, болен си? Препушти се на Исусовата прегратка. Тоа го правеше и Падре Пио. Го љубеше Исус и му се доверуваше.
Папата Фрањо го опиша Падре Пио како „верен син“, кој секогаш го доживуваше „мајчинството на Црквата“, учејќи во сиромашните да го препознае Господовото тело. Напомена дека тој светец ја љубеше Црквата, со сите нејзини проблеми, тешкотии, со сите наши гревови. Затоа што сме грешници, чувствуваме срам, но Светиот Дух нѐ повикува во оваа Црква, која е света. И Падре Пио ја љубеше светата Црква и грешните деца, сите нив – истакна Светиот Отец.
Понизниот капучински брат го воодушеви светот со својот живот посветен на молитвата и трпеливо слушајќи го своите браќа, врз чии страдање како мелем ја излеваше Христовата љубов. Имитирајќи го неговиот херојски пример и неговите крепости, станете и вие орудие на Исуовата љубов за најслабите. Истовремено, земајќи ја во предвид неговата безусловна верност кон Црквата, сведочете го заедништвото, односно секогаш да се биде во единство и мир едни кон други, затоа што единствено заедништвото просветлува и изградува. Папата Фрањо во тој контекст ги предупреди да не се караат и да не оговараат, бидејќи тоа не помага да се расте.
Папата изрази надеж дека луѓето ќе црпат од учењето на Падре Пио во тешките времиња, како што е ова сегашното, во кое населението старее и постепено се намалува, бидејќи многу млади луѓе се присилени да одат некадена друго место во потрага за работа. Исто така се моли застапништво на свети Падре Пио да даде на младите генерации конкретни перспективи на надеж за иднината. Ги повика младите да слушаат на мудроста на старите, додавајќи дека еднаш би сакал да види дека Нобеловата награда се доделува на некои стари лица, кои даваат сеќавање на човештвото. Ве поттикнувам да го сочувате скапоценото богатство на христијанското и свештеничкото сведоштво на свети Пио од Пиетрелчина, како би го живееле животот во полнина, во духот на блаженствата и вршејќи дела на милосрдие – рече на крајот Светиот Отец.
РВ/к.мк