Папата Фрањо на свештениците и ѓаконите им подари книга

Папата Фрањо на свештениците и ѓаконите им подари книга

Папата Фрањо на крајот од светата Литургија за посвета на елеј, на Велики четврток, на сите концелебранти и ѓакони им подари примерок од книгата на отец Диего Фарес аргентински исусовец насловена „Десет работи кои папата Фрањо им ги советува на свештениците.“

Книгата набројува и толкува десет практични и духовни совети кои на Папата посебно му се на срцето. Фарес пред сè сакал да ја покаже „убавата страна“ на свештенството, кое Светиот Отец го истакнува во писмото со благодарност кое може да се пронајде на почетокот на спомнатата книга, а кое го пренесе „L’Osservatore Romano“.

Папата смета дека е добро што на свештениците им се даваат совети и што тоа го прави токму стручњак како отец Фарес. Светиот Отец напоменува дека чувствува дека книгата е резултат на долгогодишното искуство на држењето духовни вежби, години на слушање, помагање во расудувањето и придружбата на голем број свештеници во Аргентина и Рим. Освен тоа папата Фрањо изрази надеж дека оваа книга ќе помогне да се поттикнат нови свештенички звања меѓу народот кој гладува за пастири кои ќе се грижат за него, кои ќе го исцелуваат, крепат, утешуваат и водат по патиштата на Духот.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот