Папата Фрањо отпатува на медитеранскиот остров Малта во дводневна посета фокусирана на евангелизацијата и потребата за пречек, промовирање, заштита и интегрирање на мигрантите и бегалците.
Авионот на Папата ИТА Ервејс со папата Фрањо, голем број членови на Куријата и 74 новинари полета од аеродромот Фиумичино во Рим околу 8.30 часот во сабота наутор, 2 април 2022 година.
Ова апостолско патување во Малта е 36. патување на Папата во странство и е негово прво патување во 2022 година. Оваа посета двапати е одложувана поради пандемијата на коронавирус.
Малта е најјужната земја во Европа и има стратешка позиција во Средоземното Море. Од неговите 475.000 жители, 90% се изјаснуваат католици.
Папата Фрањо ќе се врати во Ватикан во недела навечер. Како и секогаш пред да тргне во апостолска посета, тој се помоли пред саканата икона на Maria Salus Populi Romani во римската базилика Света Марија Велика, доверувајќи го своето патување на Пресвета Богородица.
Бегалците од Украина го испратија со Папата
И рано наутро во саботата, пред да замине од Домот Света Марта, Папата поздрави некои бегалски семејства од Украина, чии домаќини е Заедницата Свети Егидиј заедно со Папскиот милостинер, кардиналот Конрад Крајевски.
Меѓу присутните кои му посакаа на Папата безбедно и успешно патување, е и една млада мајка со две мали девојчиња, на возраст од 5 и 7 години, која пристигна во Италија од Лавов пред околу 20 дена. Од нивното пристигнување во Рим, едно од децата беше на кардиолошка операција и сега е под лекарски надзор.
Имаше и две други мајки и нивните 4 деца, на возраст од 10 до 17 години, кои моментално беа сместени во стан што го нуди една италијанска госпоѓа. И тие се бегалци, кои избегаа од украинскиот град Тернопил пред нешто повеќе од 20 дена.
Третото семејство пристигна во Рим пред три дена, минувајќи низ Полска. Мајката, таткото и трите деца побегнале од Киев заедно со постарата баба. И тие нашле гостопримство во куќа понудена од една жена Италијанка.
Ватикан њуз/к.мк