Бог не е само татко, туку и мајка која никогаш не престанува да ги сака своите созданија
Во тешките моменти кога одиме по патот далеку од Бог, напуштени од светот и вкочанети со чувство на вина, мораме да најдеме сила за молитва, поаѓајќи од зборот Отец, со нежно чувство на дете кое вели: тато, “оче“ – рече папата Фрањо во катехезата на Генералната аудиенција одржана на 16 јануари 2019 година во салата Павле VI, во Ватикан.
Осврнувајќи се на Посланието на свети апостол Павле до Римјаните, Папата продолжи со катехезите за молитвата Оче наш и нагласи дека во молитвата Господ нема да го сокрие своето лице, нема да се затвори во тишина, затоа што никогаш нѐ нема изгубено од вид, секогаш останал верен на својата љубов за нас; нѐ бара, нѐ љуби, во нас ја доживува убавината, иако можеби мислиме дека бескорисно сме ги потрошиле сите свои таланти.
Бог не е само татко, туку и мајка која никогаш не престанува да ги сака своите созданија – рече Папата и објасни: Од друга страна, кај Него постои време на бременост која трае засекогаш, далеку повеќе од она физичката од 9 месеци. Тоа е бременост која го раѓа бесконечниот круг на љубовта. За христијанинот да се моли значи едноставно да се каже: оче, татко; кажи тато со доверба на дете.
Имено, Бог нема да го сокрие своето лице пред нашите горчини – рече папата Фрањо и продолжи: Нема да се затвори во тишина. Кажете му Оче и Тој ќе ви одговори. (…) Но имаш татко, кој те љуби! Кажи му: ‘Оче’ и започни така да молиш и во тишина ќе ти каже дека никогаш те нема изгубено од вид. Некој ќе каже? Но Господи, направив грозни работи. Одговорот ќе биде: Никогаш те немам изгубено од вид; видов сѐ Секогаш останав со тебе, верен на својата љубов кон тебе. Тоа ќе биде одговорот и затоа никогаш не за заборавајте да кажете: Оче.
Новиот Завет со оваа молитва како да сака да дојде до најважното, така што се концентрира токму на зборот Оче – рече Светиот Отец и додаде: Свети Павле го запазува арамејскиот збор во повикувањето на Бог, и во тоа е содржана целата новост на евангелието. Откако го запозна Исус и го слушна Неговото проповедање, христијанинот не го доживува повеќе Бог како тиранин од кој треба да се плаши, туку чувствува како расте довербата во неговото срце и може да разговара со Создателот нарекувајќи го ‘Оче’. Тој израз е ‘Ава’, толку важен за христијаните поради што често пати е сочуван недопрен во својот изворен облик.
Мораме да си замислиме дека Исуовиот глас во арамејските зборови останал како да е снимен – рече Светиот Отец и истакна: Во првиот збор на молитвата Оче наш, веднаш наоѓаме длабока новост на христијанската молитва. Не се работи само за користење на симболи, ликот на отецот кое треба да се поврзи со таинството за Бог, туку за тоа како да се има целиот Исусов свет излеан во своето срце. Да се каже ‘Ава’ значи нешто многу поблиску и нешто што нѐ допира подлабоко, отколку едноставно Бог да се нарече Отец.
Затоа некој предложил тој изворен арамејски збор ‘Ава’ да се преведе со зборот ‘татко’ и наместо да се каже “Оче наш’’ да се каже ‘татко’ – рече папата Фрањо и напомена: Ќе продолжиме да зборуваме “Оче наш“, но повикани сме со срцето да зборуваме “татко’ како би имале таков однос со Бог како што детето вели “татко“, кон својот татко.
Тие изрази поттикнуваат чувство, топлина и нешто што нѐ навраќа во детството – рече Папата и продолжи: Можеме да си замислиме слика со дете кое потполно е обвиено со прегратката на таткото, кој чувствува бескрајна нежност кон него. За да молете добро потребно е да се има детско срце, а не соодветно, затоа што така не може да се моли добро. Потребно е да се моли како дете во прегратката на својот татко.
„Оче наш“ добива значење и боја ако научиме да го молиме откако ја прочитавме параболата за милосрдниот отец – рече Светиот Отец и додаде: Како што за неа известува евангелистот Лука, зборувајќи за изгубениот син, кој го прегрна отецот која го чекаше долго, кој не се сеќава на навредливите зборови, туку едноставно му дава до знаење колку му недостасувал. Тие зборови даваат живот и сила.
Да се прашаме: Дали е можно ти, Боже, да знаеш само за љубов? Боже зарем не познаваш омраза? – рече Папата и протолкува: Не, ќе одговори Бог, ја познавам само љубовта. Каде е твојата освета, правда, лутење поради твојата ранета чест? Бог ќе одговори: ја познавам само љубовта. Отецот од онаа парабола направи нешто што многу потсетува на мајчинската душа. Посебно мајките се тие кои се извинуваат на децата, ги штитат, нивните чувства кон нив не престануваат, продолжуваат да ги сакаат, па и тогаш кога тие веќе ништо не заслужуваат.
Ватикан њуз/к.мк