На кратката средба во ватиканскиот манастир Mater Ecclesiae, папата Фрањо му ги претстави новите кардинали на почесниот папа Бенедикт XVI, кој се помоли со нив и ги благослови.
Во саботата попладне, 27 август 2022 година на крајот од Редовниот јавен конзисториум, папата Фрањо и новите кардинали го посетија манастирот Mater Ecclesiae каде се сретнаа со почесниот папа Бенедикт XVI.
Откако го добија неговиот благослов, заедно со оној на папата Фрањо сите заедно измолија Salve Regina.
Од Конзисториумот во 2016 година посетата на манастирот Mater Ecclesiae во Ватиканските градини стана традиција. Во првите два Конзисториуми во 2014 и 2015 година, почесниот папа Бенедикт XVI учествуваше на Литургијата во базиликата Свети Петар.
Ватикан њуз/к.мк