На светата Литургија папата Фрањо го спомна денешниот Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина и повика Божји благослов за работниците во тие институции кои прават големо добро. Во проповедта истакна дека Господ секогаш утешува од блиску, и во вистината и надежта.
Денес се одбележува Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина. Да се молиме за луѓето кои работат во тие заслужни институции; нека Господ ја благослови нивната работа која толку добро ја работат – рече папата Фрањо на почетокот на светата Литургија во петок 8 мај 2020 година. Во проповедта го коментираше Евангелието за Литургијата (Иван 14, 1-6), при штој Исус им кажува на своите ученици: Да не се плаши срцето ваше верувајте во Бога и во Мене верувајте. Во домот на Мојот Отец има многу места за живеење. (…) И кога ќе отидам и ви приготвам место, пак ќе дојдам, и ќе ве земам вас при Себе за да бидете и вие каде што сум Јас.“
Тој Исусов разговор со учениците се одвива за време на Последната вечера. Исус е тажен и сите се тажни. Им рекол дека еден од нив ќе Го предаде, но истовремено започнува да ги утешува. Тука гледаме на кој начин Исус утешува – рече Папата. Ние имаме многу начини за утеха од оние вистинските до оние формалните, како што се телеграмите со сочувствува: „Длабоко сум потресен…“ Тоа никој не може да го утеши – рече, тоа е само формална утеха.
Како Господ утешува? Тоа е важно да се знае, за и ние во моментите на тага во животот да научиме да ја почувствуваме Господовата утеха – рече папата Фрањо. Во тој дел од Евангелието гледаме дека Господ секогаш утешува од близина, во вистината и надежта. Тие се трите карактеристики на Господовата утеха – истакна и потсети на – како што рече, убавите Господови зборови: Овде сум со вас. Често е присутен во тишината, но знаеме дека е тука. Тој е секогаш присутен. Таа близина е Божјиот стил. Господ утешува од блиску, и не користи празни зборови; уште повеќе, повеќе ја сака тишината. Малку зборува, но блиску е.
Вистината е другата карактеристика на Исусовата утеха – рече потоа Папата. Исус е искрен. Не ја сокрива вистината, затоа што Он самиот во истот дел кажува: „Јас сум вистината.“ Тоа го кажува едноставно и благо, не ранувајќи. Се соочуваме со смртта, но Тој не ја сокрива вистината. Третата карактеристика на Исусовата утеха е надежта. Тој вели: Моментот е лош, но да не се плаши срцето ваше; верувајте во Мене, „во домот на Мојот Отец има многу места за живеење. Одам да ви приготвам место.“
Тој оди прв да ја отвори вратата на станот во кој сака да нè поведе. „Пак ќе дојдам, и ќе ве земам вас при Себе за да бидете и вие каде што сум Јас.“ Господ се враќа секој пат кога некој од нас на пат за заминувањето од овој свет. „Ќе дојдам и ќе ве земам“; тоа е надеж. Ќе дојдам и ќе нè земам за рака и ќе нè поведе. Не кажува: Нема да трпите, нема ништо, туку ја кажува вистината: Блиску сум до вас, тоа е вистина, моментот е лош, момент на опасност, на смрт. Но, нека не се вознемирува вашето срце, останете во мир кој е темелот на секоја утеха, затоа што ќе дојдам, ќе ве земам за рака и ќе ве поведам таму каде што ќе бидам јас.
Не е лесно на Господ да му допуштиме да нè утешува – рече Папата. Често, во лошите моменти, се налутуваме на Господ и не Му дозволуваме да дојде и така да ни зборува, со таа нежност, близина, благост, со таа вистина и надеж. Да молиме за милоста да научиме да Му дозволуваме на Господ да нè утешува. Господовата утеха е вистината, не лаже. Блиска е, вистинска и ни ја отвора вратата на надежта – рече на крајот папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк