Папата Фрањо го прими шпанскиот крал Фелипе VI
Папата Фрањо во понеделник 30 јуни 2014 година го прими во шпанскиот крал Фелипе VI и кралицата Летиција, кои потоа се сретнаа со државниот секретар на Ватикан кардинал Пјетро Паролин, придружуван од подсекретарот на одделот за Односите со земјите монс. Антоан Камилиери.
Во соопштението објавено од Ватикан информира дека „за време на срдечните разговори беше изразено задоволство од посетата и е знак за зајакнување на постоечките добри односи помеѓу Светиот Престол и Шпанија”. Исто така беа разгледани „теми од взаемен интерес, потребата од поддршка на дијалогот и соработката помеѓу држава и Црква во името на целото шпанско општество”. На крајот е разговарано и на теми од регионален и меѓународен карактер, со посебен акцент на конфликтните региони”.
РВ/го*ко