Светиот Отец со полскиот премиер разговараше за повеќе теми како што се семејната политика, заштитата на создаденото и прифаќањето на бегалците
Папата Фрањо на 4 јуни 2018 година во аудиенција го прими Матеуш Моравиецки, премиер на Полската Република, кој потоа се сретна со Папскиот државен секретар, кардинал Паролин и надбискупот Галагер, секретар за односи со државите – соопшти Канцеларијата за печат при Светиот Престол.
За време на срдечниот разговор Папата и полскиот премиер се потсетија на добрите билатерални односи помеѓу Светиот Престол и Полска, како и плодоносната соработка помеѓу Црквата и државата во нивните одговарачки сфери на делување. Исто така разговараа и за различни теми кои се од заеднички интерес како што се семејната полтика и заштитата на создаденото, со поглед на конференцијата на Обединетите нации за климатски проемни, која ќе се одржи во полскиот град Катовице во декември оваа година, како и за некои прашања од етичка природа.
На крајот се осврнаа на европската и меѓународната ситуација, разговарајќи посебно за прифаќањето бегалци и залагање на полската влада во корист на бегалците од Украина и Блискиот Исток.
РВ/к.мк