Меѓукултурниот и меѓурелигискиот дијалог беа темите за кои разговараше Папата Фрањо со азербејџанскиот претседател.
Папата Фрањо на 22 февруари во аудиенција го прими Илхам Алијев претседателот на Република Азербејџан, со кој разговараше за меѓукултурниот и меѓуверскиот дијалог. Претседателот на Азербејџан потоа се сретна со Папскиот државен секретар, кардинал Пиетро Паролин и секретарот за односи со државите, надбискупот Паул Ричард Галагер.
Како што известува Канцеларијата за печат при Светиот Престол, за време на разговорите во Државниот секретаријат, и двете страни изразиле задоволство од развојот на тековните билатерални односи, осврнувајќи се посебно на соработката на културно поле и благодарност за активностите на Католичката црква во земјата.
Меѓу темите за кои разговарале, напомена Канцеларијата за печат при Светиот Престол, биле прашања од регионален и мешународен карактер со посебен осврт за важноста на меѓукултурниот и меѓурелигискиот дијалог, во корист на мирен соживот меѓу различните верски и етнички групи.
Ватикан њуз/ к.мк