По светата Литургија во ватиканската базилика Свети Петар на 2 ноември 2022 година, папата Фрањо отиде до гробиштата Кампо Санто Теутонико каде приватно се помоли за починатите.
Папата беше пречекан и поздравен од сестра Сорина Лупас, од Конгрегацијата на сестрите на слугинките Христови, кои се грижат за гробиштата, ректорот на Папскиот теутонски завод Света Марија во Кампо Санто, Ханс-Петер Фишер и проректорот Бранко Јуриќ.
Папата се заджа во тишина и молитва, по што со благословена вода ги пороси и благослови гробовите на починатите кои почиваат таму. Веднаш потоа се врати во Домот Света Марта.
Ватикан њуз/к.мк