Папата Фрањо го воздигна Апостолскиот егзархат во Македонија во Епархија

Папата Фрањо го воздигна Апостолскиот егзархат во Македонија во Епархија

Во Бискупската резиденција во Скопје на 31 мај 2018 година во 12.00 часот Апостолскиот нунциј во Република Македонија монс. Анселмо Гвидо Пекорари во присутност на Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх, монс. Киро Стојанов и свештенството на Црквата во Македонија ја објави веста дека Светиот Отец папата Фрањо, досегашниот Апостолски егзархат во Македонија, кој е воспоставен 2001 година го воздигна во епархија под наслов „Успение на Пресвета Богородица во Струмица – Скопје“ за католиците од византиски обред во Република Македонија. Веста истовремнео е објавена и во Ватикан.

За прв Епарх на ново основаната Епархија го именува досегашниот скопски бискуп и апостолски егзарх монс. д-р Киро Стојанов, кој и натаму останува Скопски бискуп за католиците од римски обред во Македонија, а во исто време и Епарх за католиците од византиски обред.

Македонскиот апостолски викаријат е воспоставен во 1883 година и постоел до 1919 година. Помеѓу 1919-1923 година управата за католиците од источен обред во Македонија е доверена на грижа на латинскиот бискуп во Скопје. Од 26 октомври 1923 година македонските верници припаѓаат под надлежност на Крижевската епархија. Со Декрет на Конгрегацијата за Источни цркви од 3 јули 1972 година Скопско-призренскиот бискуп Јоаким Хербут е именуван за апостолски визитатор за католиците од источен обред во Македонија, иако тие de iure и понатаму припаѓале под надлежност на Крижевскиот владика. Светиот Престол во 2001 година го именува Скопскиот бискуп и за Апостолски егзарх во Македонија. Католичката црква од византиски обред во Македонија од 2001 година не е дел од Крижевската епархија.

КРАТОК ИСТОРИСКИ РАЗВОЈ НА КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ОД ВИЗАНТИСКИ ОБРЕД ВО Р. МАКЕДОНИЈА ДО НЕЈЗИНОТО ВОЗДИГНУВАЊЕ ВО ЕПАРХИЈА – БИСКУПИЈА

Категорија: Вести, Македонија

За авторот