Примајќи ја во Ватикан Конгрегацијата за католичко воспитување, папата Фрањо потсети на средбата за Глобалниот пакт за воспитување, која ќе се одржи на 14 мај, и го охрабри забрзувањето на движењето за инклузивно воспитување, за да се запре културата на отфрлање.
Различностите не го спречуваат единството; воспитувањето нека биде ,,сила која помирува” способна да ја стави во центар личноста со целата нејзина реалност, како би негувала знаења за заедничкиот дом, запирање на културата на отфрлање во корист на вклучувањата, и да создаде вистинска човечка заедница – рече Папата Фрањо на учесниците на Генералното собрание на Конгрегацијата за католичко воспитување, на кои меѓу другото, ѝ посака повеќе храброст за да се платат подобро воспитувачите.
Растење и дозревање
Потсетувајќи на Глобалниот пакт за воспитување, кој ќе се одржи на 14 мај на иницијатива на папата Фрањо, и во организација на ватиканската дикастерија на која на чело е кардинал Џузепе Версалди, Папата изрази надеж дека тоа ќе биде ,,револуционерно” а не само едноставна збирка на прописи. Тој истакна дека воспитувањето никогаш не се повторува, туку дека тоа е уметност на раст и созревање,и затоа никогаш не е днаков на самиот себе.
Воспитувањето е динамична работа, тоа е движење кое открива личности. Станува збор за посебен вид на движење, со карактеристики што го прават динамичен во растот, насочени кон потполен развој на личноста во нејзината индивидуална и социјална димензија – истакна Папата и ги потенцира неговите типични карактеристики.
Мултикултурен состав на човештвото
Една од неговите карактеристики е дека воспитувањето е ,,еколошко движење’’, што е пак една од неговите движечки сили кон целосна формативна цел. Целта на воспитувањето, кое се фокусира на личноста во целата негова реалност, е да доведе до познавање на самата себе, заедничкиот дом во кој живееме, и посебно, до откривање на братството како однос кој создава мултикултутен состав на човештвото, извор на взаемно збогатување – истакна Папата Фрањо.
Вклучувањето е христијанска порака
Друга карактеристика е дека тоа е ,,вклучувачко движење’’ во однос на сите исклучени. Папата овде ја спомна сиромаштијата, немоќта поради војните, бедата и природните катастрофи, поради социјалната селективност, и поради семејни и животни тешкотии. Станува збор за вклучување кое се конктретизира во образовната работа во корист на бегалците, жртвите на трговија со луѓе, мигрантите и тоа без разлика на полот, религијата или етничката припадност. Инклузијата не е некој модерен изум, туку е составен дел од пораката за христијанското спасение. Денес е потребно да се забрза тоа вклучувачко движење за да се запре културата на отфрлање, предизвикана од отфрлање на братството како составен фактор во човештвото.
Сила која треба да се зајакне
Воспитувањето исто така е ,движење кое помирува, складно; тоа е носител на мирот, како што сведочат младите со својата посветеност и жедта за вистината – истакна Папата спомнувајќи го работниот документ за Глобалниот пакт за воспитување, истакнувајќи дека е воспитно движење – градител на мирот, сила која мора да се зајакне против ‘еголатријата’, која раѓа немир, поделби меѓу генерациите, меѓу народите, културите, меѓу богатите и сиромашните населенија, помеѓу мажите и жените, помеѓу економијата и етиката, помеѓу човештвото и животната средина.
Овие поделби и спротиставувања, поради кои се расипуваат односите, го кријат стравот од разновидноста и разликата. Поради оваа причина воспитувањето е повикано со својата смирувачка моќ да формира луѓе способни да ја разберат различноста, не спречувајќи единство; покрај тоа, тие се потребни за збогатување на сопствениот идентитет, како и на сите луѓе.
„Населби за воспитување“
Освен тоа, воспитувањето е ‘движење на екипата’, бидејќи нигокаш не е дело само на една личности или институција – истакна Папата. Сепак – додаде – падна во криза од повеќе причини. Поради тоа – спрема зборовите на Папата – потребен е ден посветен за Глобално воспитен пакт. Повикот е упатен до сите кои имаат политичка, административна, верска и образовна одговорност во воспоставувањето ‘населби за воспитување’.
Целта на заедничката средба не е составување програма, туку пронаоѓање заедничко одење, за да се поттикне заземање на младите генерации, и заедно со нив, обновувајќи го занесот на поотворено и повклучено воспитување, способно за стрпливо слушање, конструктивен дијалог и меѓусебно разбирање. Воспитниот пакт не смее да биде едноставна колекција на прописи, забележи Папата – туку треба да виде револуционерен.
Воспитен сојуз за надминување на спротивностите
Многу е потребно да соединат силите во поширок воспитен сојуз за да се формираат зрели личности, способни да ги надминат поделбите и спротивностите и да се изгради ткиво за односите на побратско човештво. За постигнување на тие цели потребна е храброст. Храброст да се стави личноста во центарот. Храброст за вложување на најдобра енергија. Храброст за формирање личности кои се подготвени да се стават во служба на заедницата. Храброст за да им се даде добра плата на воспитувачите – истакна Папата Фрањо.
Ватикан њуз/ к.мк