Папата Фрањо упати телеграма со сочувство по повод трагедијата во која на 10 март 2019 година недалеку од Адис Абеба во авионска несреќа загинаа 157 патници и членови на екипажот. Авионот на „Етиопијан Аирлајнс“ се сруши кратко по полетувањето од аеродромот во Адис Абеба.
Во телеграмата која е потпишана од Папскиот државен секретар кардинал Пиетро Паролин, се истакнува дека Папата моли за загинатите од бројни држави и нивните души ги препорачува на милоста на Семоќниот. На нивните пак семејства им изразува искрено сочуство и за сите кои тагуват го повикува Божјиот благослов на утеха и сила.
Ватикан њуз/к.мк