Во телеграма потпишана од кардинал државниот секретар, во сабота 19 јули 2025 година папата Лав XIV изразува духовна солидарност со сите кои страдаат поради пожарот во трговски центар во Ирак, и упатува молитви за душите на загинатите во трагедијата.
Светиот Отец особено изразува близина со повредените, како и со семејствата кои ги изгубија своите најблиски, упатувајќи сочувство ги вети своите молитви.
Во телеграма потпишана од кардинал државниот секретар Пиетро Паролин, Светиот Отец „ги препорачува душите на починатите на милосрдната љубов на Семоќниот“ и упатува молитви за припадниците на итната служба кои и понатаму пружаат помош, додека за сите моли „божествен благослов на сила, утеха и мир“.
Најмалку 69 лица ги загубија животите кога избувна пожар во нов трговски центар во ирачкиот град Кут, во провинцијата Васит, во источен Ирак. Единаесет лица се водат како исчезнати. Трговскиот центар, кој бил отворен само пет дена пред несреќата, содржел супермаркет и ресторан, а за време на пожарот луѓето пазареле и вечерале. Екипите на цивилната заштита успеале да спасат 45 лица од внатрешноста на зградата.
Во својата изјава, гувернерот на Васит рече: „Нè снајде трагедија и несреќа“ и прогласи тридневна жалост.
Во соопштението се наведува дека е покрената истрага за причините за пожарот, со најавена објава на резултатите во рок од 48 часа. Веќе се поднесени тужби против сопственикот на зградата и трговскиот центар.
Ватикан њуз/к.мк