Папата упати порака до монасите и монахињите од Шпанија

Папата упати порака до монасите и монахињите од Шпанија

Папата Фрањо упати видео порака до стотина монаси и монахињи од Шпанија кои учествуваат на Шпанската национална недела за инстиутите на посветениот живот која овие денови се одржува во Мадрид.

Средбата е во организација на фондацијата „Павле VI“ на тема „Ги повика оние кои ги сака. Младите, расудувањето и посветениот живот.“

Светиот Отец во пораката изразува загриженост дека младите луѓе ги губат од вид своите корени. Вели дека контекстот на таа средба е недостатокот на монашки звања во денешна Шпанија. Но, Папата додава дека не смееме да се ограничиме на приговарање или да жалиме за поминатата слава кога Господ ни зборува да го свртиме погледот кон напред и да видиме што треба да направиме.

Целта на средбата е размислување за претстојната Епископска синода за млади и звања, свртувајќи притоа внимание на монашкиот повик. Меѓу учесниците на средбата се кардиналите Карлос Осоро Сиера и Оскар Родригез Марадијага, како и секретарот на Конгрегацијата за институциите на посветениот живот и дружбите на апостолски живот, надбискупот Хозе Родригез Карбало, и брат Алојс приор на заедницата Тезе.

Папата Фрањо во пораката напоменува дека е важно да се избегнува прозелитизмот, барајќи наместо тоа отворање на патишта за Господ за да им се зборува и да се повикуваат младите луѓе. Светиот Отец предупреди дека треба да ги избегнуваме „изборните“ или „рекламните кампањи“ затоа што Божјиот повик не делува по пат на рекламни модели. Папата ги поттикнува шпанските монаси и монахињи да бидат храбри и да им помогнат на младите повторно да ги откријат нивните корени за да можат да пророкуваат.

Денес од било кога порано е неопходно да се воспостави меѓугенерацискиот дијалог помеѓу младите и старите, помеѓу дедовците и бабите и внуците. Треба да ги слушаме грижите на младите и старите додека се молиме и сведочиме, препуштајќи ги во Господовите раце бројот на звањата – заврши папата Фрањо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот