Папата упати видео порака по повод празникот Божиќ според јулијанскиот календар, како и за осветувањето на новата катедрала „Рождество Христово“, во околината на Каиро.
Христијанските Цркви кои го следат јулијанскиот календар на 7 јануари 2019 година го прославија Божиќ. Папата Фрањо по тој повод до Коптската православна црква упати видео порака, во која го честита Божиќ и нова година и со радост го поздравува осветувањето на новоизградената катедрала „Рождество Христово“, изградена на подрачјето каде ќе биде египетската административна престолнина, околу 45 километри источно од Каиро.
При тоа Папата изрази желба Кнезот на Мирот да му подари мир и благосостојба на Египет, Блискиот Исток и целиот свет. Светиот Отец упати посебен поздрав до папата Тавадрос II. и Коптската православна црква, која знае да даде вистинско сведоштво на вера, љубов, па и во најтешките моменти.
Драги браќа и сестри, вие имате маченици кои на вашата вера и даваат сила. Ви благодарам на вашиот пример – рече Папата во видео пораката до коптските православни верници и на крајот упати поздрав до египетската влада и претседателот Абдел Фатах ал Сиси.
Ватикан њуз/к.мк