Папата телефонски разговарал со иранскиот претседател Раиси

Папата телефонски разговарал со иранскиот претседател Раиси

Папата Фрањо во недела попладне разговарал со ирнаскиот претседател Раиси, потврди директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол

Папата Фрањо на 5 ноември попладне имаше телефонски разговор со иранскиот претседател Ебрахим Раиси. Потврдувајќи го разговорот, директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни, прецизираше дека тој се случил на барање на шефот на иранската држава.

Веб-страницата на иранското претседателство објави дека Раиси ги цени повиците на Папата за прекин на огнот во Газа. Повик, кој папата Фрањо го повтори и во неделниот пладневен говор:

Постојано размислувам за сериозната ситуација во Палестина и во Израел, каде што многу луѓе ги загубија животите. Ве молам престанете, во името на Бога: прекинете на огнот! Се надевам дека ќе се искористат сите патишта за да се избегне ширењето на конфликтот, да им се помогне на ранетите и да се дојде до жителите на Газа каде што хуманитарната ситуација е многу сериозна. Веднаш нека бидат ослободени заложниците. Меѓу нив има и многу деца; нека се вратат кај семејствата! Да, мислиме на децата, на сите деца кои се вклучени во таа војна, како и во Украина и во други конфликти: така се убива нивната иднина. Да молиме за сила да кажеме „доста е“.

Во последните денови беа објавени и други телефонски разговори на Папата: на 2 ноември со палестинскиот претседател Махмуд Абас, на 26 октомври со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и на 22 октомври со претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден. Меѓу другото, папата Фрањо предупреди на потребата да се најдат патишта за мир и изрази надеж дека може да се постигне решение за две држави со посебен статус за Ерусалим.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот