Крштението во Светиот Дух е искуство кое овозможува учество во спасителната и универзална Божја волја.
Човечкиот збор не станува делотворен благодарение на реториката и уметноста на убавиот говор, туку преку Светиот Дух Кој е Божјата сила. Духот има моќ да го очисти зборот и да го направи носител на живот – рече папата Фрањо за време на Генералната аудиенција која се одржа на 29 мај 2019 година, истакнувајќи дека зборот може да отвори нови патишта и да стане експлозивен.
Кога Духот влегува во човечкиот збор, тој станува динамичен како динамит, способен да ги запали срцата и да ги уништи обрасците, отпорите и ѕидовите на поделбите, отворајќи нови патишта и ширејќи ги границите на Божјиот народ – рече Папата и со денешната катехеза отвори пат низ книгата на Делата Апостолски. Станува збор за одење кое е обележан со библискиот дел: „На кои им се претстави жив по Своето страдање. Он им заповеда: Не оддалечувајте се од Ерусалим, туку чекајте го ветувањето од Отецот, за кое сте слушале од Мене: Иван крштаваше со вода, а вие, не по многу дни од денес, ќе бидете крстени со Светиот Дух.“
Делата Апостолски кои ги напишал свети Лука повторно го пронаоѓаат патот на Евангелието во светот, покажувајќи ја прекрасната врска помеѓу Божјото Слово и Светиот Дух, жив и делотворен спој – потсети Светиот Отец и напомена: Оној кој дава звучност и острина на нашиот слаб човечки збор, кој е способен дури и да лаже и да ја избегнува сопствената одговорност е самиот Свет Дух. Крштението во Светиот Дух е искуство кое овозможува учество во спасителната и универзална Божја волја.
Затоа не треба да се бориме за да го заработиме или заслужиме Божјиот дар – рече папата Фрањо и продолжи: Сѐ е дадено бесплатно и во свое време. Господ дава сѐ бесплатно. Спасението не се купува и не се плаќа, туку е бесплатен дар. Да Го молиме Господ да не бидеме градители, туку средства за спасителното дело Божјо.
Воскреснатиот Господ ги повикува своите ученици – како што рече Папата – да не „произведуваат“ послание сами, туку да чекаат Отецот да ги зацврсти нивните срца со својот Дух Свети за да можат да се вклучат во мисионерското сведочење, способно да зрачи од Ерусалим кон Самарија и да оди понатаму од границите на Израел и да дојде до перифериите на светот – рече Папата и праша: Како да се чека Светиот Дух и Неговата сила?
Молејќи истрајно како да не нема многу, туку само еден. Молејќи обединети и упорно. Имено, со молитвата се победува осаменоста, искушението, сомнежот и срцето се отвора за заедништво. Присуството на жените и на Марија Исусовата Мајка го зајакнува тоа искуство. Тие први од Учителот научиле да ја пренесуваат верноста на љубовта и силата на заедништвото кои го победуваат секој страв – заврши Светиот Отец.