Во Рим, на средбта Унив 2019, се собраа повеќе од 2.000 студенти од целиот свет како заедно со папата Фрањо би ги поминале Страсната седмица и Велигден. Оваа традиционална меѓународна средба на студенти е основана од Хозе Марија Ескрива де Балагер, основач на прелатурата Опус Деи.
Радосен сум што можам да ги поздравам учесниците на средбата Унив 2019. Драги млади, кои овие денови поминувате низ формација, по примерот на свети Хозе Марија, градете го вашиот живот врз основа на вредностите на верата, како би можеле да го преобразите светот кој ве опкружвуа, менувајќи се според Христовиот пример – рече папата Фрањо на 17 април 2019 година, обраќајки се до студентите.
Оваа година во Вечниот град пристигнаа повеќе од 2.000 студенти од 30 земји и 100 различни факултети и заедно со Папата да ја поминат Страстната седмица и Велигден и да размислуваат за многу актуелна тема: Трансфорациската моќ на работата“ за да градат мостови барајќи зеднички точки и заедно да гледаат на иднината.
Ватикан њуз/к.мк