На почетокот на престојот во Будимпешта во неделата, 12 септември 2021 година, по средбата со унгарскиот претседател и премиер, папата Фрањо се сретна со бискупите, членови на унгарската бискупска конференција, во ренесансната сала на Музејот за ликовни уметности во Будимпешта.
На средбата со Папата присуствуваа 35 унгарски бискупи. По поздравувањето на претседателот на Бискупската конференција, бискупот од Ѓер Андрес Верес, Папата одржа говор. Потоа, по Господовата молитва и завршниот благослов, тој ги поздрави епископите поединечно и по заедничката фотосесија отиде во Мермерната сала за да се сретне со претставници на Вселенскиот совет на црквите и некои еврејски заедници во Унгарија.
Ватикан њуз/к.мк