Папата се сретна со потпретседателката на Иран

Во Ватикан Светиот Отец се сретна со иранската потпретседателка Сахиндок Молаверди, која потоа беше примена и од државниот секретар Пиетро Паролин.

Во четврток 12 февруари во Ватикан папата Фрањо ја прими иранската потпретседателка Сахиндок Молаверди, која потоа се сретна и со ватиканскиот државен секретар Питеро Паролин. Молаверди не е првата висока гостинка од Иран која е во посета на Светиот Престол.

Претседателот Мохамед Шатами во 1990 година се сретна со папата Иван Павле II, а шест години подоцна присуствуваше и на погребот на покојниот Папа. Девет години пред Исламската револуција во Иран папата Павле VI при неговото патување во Азија во 1970 година го посети и Техеран.

Покрај револуцијата во 1979 година дилпломатските односи помеѓу Светиот Престол и Иран никогаш не биле прекинати. Претседателот на Папскиот совет  за меѓурелигиски дијалог, кардинал Жан Луиз Туран повеќе пати се има сретнато со високи шиитски претставници. Ватикан ја нагласува важната улога на Иран на Блискиот Исток.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот