Во бродолом на Карипското Море загинаа 28 мигранти од Хаити, а 17 преживеале.
Минатата сабота во близина на Бахамите потона брод со мигранти од Хаити кои барале надеж и мирна иднина. Мислам на семејствата кои страдаат, како и на народот на Хаити, кој е погоден од таа нова несреќа – рече папата Фрањо на крајот од Генералната аудиенција на 6 февруари 2019 година и ја изрази својата близина на семејствата на тие мигранти кои на 2 февруари доживеа бродолом во Карипското Море. Ве повикувам да се обединети со мене во молитвата за сите исчезнати и повредени – поттикна Папата.
Ватикан њуз/к.мк