Папата Лав XIV изразува загриженост поради политичкото насилство и се моли за починатиот американски активист Чарли Кирк, неговата сопруга и двете деца, соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
Директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни, во вторник 16 септември 2025 година, одговори на прашања од новинарите за реакцијата на Папата во врска со убиството на Чарли Кирк.
„Знам дека за време на разговорот со новиот американски амбасадор, Папата потврди дека се моли за Чарли Кирк, неговата сопруга и неговите деца; дека изразил загриженост за политичкото насилство; и дека зборувал за потребата да се воздржи од реторика и инструментализација што водат кон поларизација, а далеку од дијалог“, рече Бруни.
Папата Лав XIV на 13 септември се сретна со новиот американски амбасадор при Светиот Престол, Брајан Франсис Бурч, кој му ги предаде акредитивните писма за почеток на својот мандат.
За време на таа аудиенција, Папата го изрази своето сочувство кон семејството на Кирк и ја истакна својата загриженост за политичкото насилство.
Кирк беше американски политички активист, автор и медиумска личност, ко-основач на организацијата „Turning Point USA“.
Тој, на 31-годишна возраст, беше застрелан на 10 септември за време на јавен настан на кампусот на Универзитетот Јута Вали. Неговиот погреб ќе се одржи во недела, на 21 септември, во Глендејл, Аризона.
Ватикан њуз/к.мк