Папата се моли за жртвите од разорните циклони во Мадагаскар

Папата се моли за жртвите од разорните циклони во Мадагаскар

По молитвата Ангел Господов, Папата Лав ја изразува својата близина со оние што се погодени од последиците на два циклони што следеа еден по друг во Мадагаскар, каде околу 16.000 луѓе се раселени.

По молитвата Ангел Господов во недела 15 февруари 2026 година, Папата Лав XIV ја изрази својата близина со народот на Мадагаскар, кој страда од последиците на два циклони во краток временски период. „Се молам за жртвите и нивните семејства, и за сите што претрпеа сериозна штета“, рече тој.

Сезоната на циклони во југозападниот дел на Индискиот Океан годинава е особено силна, а Мадагаскар прогласи вонредна состојба и побара меѓународна помош по циклоните Гезани и Фитија.

Гезани излезе на копно на 10 февруари, погодувајќи околу 270.000 луѓе и раселувајќи приближно 16.000. Националните власти известија дека загинале најмалку 40 лица. Заедно со ОН и други партнери, ресурсите на земјата се насочени кон пребарување и спасување, евакуација, засолниште и помош со храна.

Лунарна Нова година

Папата исто така забележа дека милијарди луѓе во Источна Азија и во други делови од светот се подготвуваат да ја прослават Лунарната Нова година. Тој изрази надеж дека „оваа радосна прослава“ ќе поттикне „поинтензивни семејни односи и пријателства; нека донесе спокој во домовите и во општеството; и нека биде можност за заеднички поглед кон иднината, градејќи мир и благосостојба за сите народи“.

Бидејќи Лунарната Нова година се слави на 17 февруари, Папата Лав упати честитки и наклоност на сите, повикувајќи Божји благослов за сите нив.

Втикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот