Пред молитвата Ангел Господов, Папата размислуваше за денешниот празник Светото назаретско семејство, за искуството на Марија, Јосиф и Исус, поврзани со силна љубов и поттикнати од големата доверба во Бог.
Чудење и вознемиреност – се двата фактори за кои во денешниот пладневен наговор папата Фрањо го привлече вниманието на 50.000 верници собрани на плштадот Свети Петар, на 30 декември 2018 година. Коментирајќи го евангелскиот дел од денешната Литургија, кој зборува за патувањето на назаретското семејство кон Ерусалим, за празникот Пасха, и барањето на Исус на враќање, Папата ја истакна централната положба на Синот Божји во Светото семејство, чиј празник се слави денес.
Живот без Исус
Во текот на враќањето од Ерусалим, Марија и Јосиф забалежале дека нивниот дванаесетгодишен Син не е меѓу сопатниците. После три дена барање, го наоѓаат во храмот каде седи меѓу учителите ги слуша и ги прашува – потсети папата Фрањо и посебно ја истакна вознемиреноста која ја почувствувале Дева Марија и Јосиф кои го примиле тој Син, Го чувале и Го гледале како меѓу нив расте во мудроста и милоста; тоа било присуство кое растело најмногу во нивното срце.
Вознемиреноста која ја почувствувале во текот на тие три дена без Исус, треба да биде и наша вознемиреност кога сме далеку од Него, кога сме далеку од Исус – рече Папата. Треба да почувствуваме вознемиреност кога повеќе од три дена не мислиме на Исуса, кога не молиме, не го читаме Евангелието, кога не чувствуваме потреба за Неговото присуство и Неговото утешително пријателство. Многу пати, поминуваат денови, а да не се сетиме на Исус. Но, тоа е многу грдо. Би требало да ја почувствуваме вознемиреноста кога ќе се случат такви работи – истакна папата Фрањо.
Марија и Јосиф го барале и го пронашле во храмот додека поучувал; исто така секој верник може да Го сретне божествениот Учител во Божјиот дом и да ја прими пораката за спасението. Во евхаристиското славење го доживуваме Христовото искуство – објасни Светиот Отец. Он ни зборува, ни Го нуди своето Слово кое го просветлува нашиот пат, ни го дава своето Тело во Евхаристијата од која црпиме сила за соочувањето со секојдневните тешкотии.
Чудењето нѐ отвора кон светот
Во сите семејства во кои од различни причини недостасува мир и хармонија, Папата го даде примерот и повика заштита од Светото назаретско семејство во кое – како што рече – чудењето трајно било присутно, дури и во драматичниот момент како што е загубата на Исус. Чудењето и восхитувањето им пречи на луѓето да земат сè здраво за готово, толкувајќи ја реалноста и настаните од историјата едноставно според сопствени критериуми.
Да се чудиш значи да се отвориш за другите, да ги сфатиш туѓите причини; таквото однесување е важно за обновување на нарушените меѓучовечки односи, а исто така е потребно и за оздравување на отворените рани во семејството. Кога земаме здраво за готово дека сме во право, ја затвораме вратата за другите – предупреди Папата и додаде: Напротив, важно е да го одржиме чудењето, да се восхитуваме на она што кај луѓето е добро, најмногу за да го сочуваме единството во семејството, тоа вистинско богатство кое треба секогаш да се чува и штити – истакна папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк