Постои опасноста за исчезнување на христијаните во тие земји од кои светлината на Евангелието се раширила во светот.
Не ги заборавајте потребите на жртвите од кризата во Ирак, Сирија и соседните земји, да се надмине логиката на интересот, ставајќи се во служба на мирот и ставањето крај на војната – ја поттикна папата Фрањо меѓународната заедница примајќи ги учесниците на шестиот работен состанок за кризата во Сирија и соседните земји, во Ватикан на 14 септември 2018 година. Средбата е во организација на Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој во соработка со одделот за мигранти и бегалци, Државниот секретаријат на Светиот Престол и Конгрегацијата за Источните Цркви, а присуствуваа 150 луѓе меѓу кои претставници на локалните Цркви, апостолски нунции, делегати на католички институции и повеќе од 50 каритативни организации.
Не можеме да ги затвориме очите пред причините кои милиони луѓе ги присилија да ја напуштат својата земја – рече Папата и нагласи: Ги поттикнувам сите страни кои се вклучени, како и меѓународната заедница уште повеќе да се ангажираат за безбедно враќање на раселените. Цивилизациска обврска е да им се обезбеди заштита и иднина. Бришејќи ги солзите на децата кои не виделе друго освен урнатини, смрт и уништување, светот повторно ќе го добие достоинството.
Изразувајќи благодарност за големите напори кои за бегалците ги вложија соседните земји и меѓународната заедница, Папата го поздрави и му се заблагодари заедно со кардиналот Петер Турксон претседател на Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој, на Филипo Гранди, висок комесар на Обединетите нации за бегалците, и истакна дека заради конфликтот веќе премногу долго се пролева крв на тоа подрачје, и дека ситуацијата на народот во Сирија и Ирак и соседните земји и понатаму предизвикува голема загриженост.
Секојдневно во молитвата му ги предавам на Господ страдањето и потребите на Црквите и на народите во тие сакани земји, како и на оние кои се трудат да им помогнат. Вистина е го правам тоа секој ден! – посведочи Светиот Отец и потсети: Вреднувањето и преиспитувањето на хуманитарната помош на црковните организации придонесува за подобро разбирање на потребите и координирање на помошта за тие народи.
Постои опасноста за исчезнување на христијаните во тие земји од кои светлината на Евангелието се раширила во светот – рече папата Фрањо и напомена Заедно со сестинските Цркви, Светиот Престол постојано работи за да им ја загарантира иднината на тие христијански заедници. Целата Црква ги гледа тие наши браќа и сестри во верата и ги охрабрува со својата близина во молитвата и конкретната љубов да не се предаваат на темнината на насилството и да ја одржат запалена светилката на надежта.
Само со сведоштвото на љубовта со кое Црквата слуша и одговара на крикот за помош на сите, започнувајќи од најслабитте и најсиромашните – рече Папата – е светол знак за сегашноста и семе на надеж за иднината. Се работи за христијанско дело кое потсетува на молитвата на свети Фрањо Асишки: Спроти омразата нека биде љубовта, спроти очајот, – надежта, спроти жалоста – радоста.
Со милоста Божја да гледаме во иднината. Ве поттикнувам да работите во име на Црквата, и понатаму да се грижите за воспитувањето на децата, да отворате работни места за младите, да бидете близу до старите, да ги лекувате психолошките рани, и притоа да не ги заборавите оние срца кои Црквата е повикана да ги утешува – заврши Светиот Отец.
Ватикан њуз/к.мк