На Заедницата на Папскиот мексикански завод во Рим, папа Фрањо им кажа дека ни се потребни свештеници кои се сообличуваат со Господ и со погледот со кој Он нѐ набљудува. Нагласи дека за соочување со предизвиците на денешницата важни се нежноста, помирувањето и братството.
Во општество измачено од насилство и нееднаквости и обележано со пандемијата, свештеникот е повикан да го донесе погледот на нежноста, помирувањето и братството, обликувајќи го со погледот со кој Господ нѐ набљудува. На тие три клучни зборови папата Фрањо го заснова својот говор, на шпански јазик, упатен до заедницата на Папскиот мексикански завод, кој ги прими во аудиенција во понеделник 29 март 2021 година. Токму сѐ подлабокото сообличување со Добриот Пастир во кој свештеникот, поттикнува вистинско сочувствување за овците кои му се доверени, како и за оние кои се загубени – рече Папата. Ги поттикна на присутните свештеници да станат свесни на своите недостатоци и да ги исправат и да не ги потценуваат световните искушенија. (…)
Папата на почетокот на говорот се заблагодари на ректорот на заводот отец Виктор Улисес Васкез Морен за неговите зборови со кои потсети на главните предизвици за евангелизацијата на Мексико и на целиот американски континент, и тоа посебно заради пандемијата. Станува збор за предизвиците кои имаат влијание и на патот на трајната формација на свештениците.
Во таа смисла во трајната формација е важно да ги усогласиш академската, духовната, човечката и пасторалната димензија – рече Папата и истовремено истакна дека е важно да бидеме свесни на своите лични мани, како и на оние на заедницата и за пропустите и недостатоците кои треба да ги исправиме во својот живот. Освен тоа, не треба да ги потценуваме световните искушенија кои – како што рече, можат да нѐ доведат до недоволно лично познавање, автореференцијално однесување, консумизам и многу облици на бегство од сопствените одговорности. Спомнувјќи го францускиот теолог де Лубак, Папата истакна дека духовната световност е најлошото зло кое може да и се случи на Црквата.
Сегашните проблеми меѓу кои исто така се недостаток на надеж, посебно меѓу младите и корупција од свештеникот бараат пред се да има поглед на нежност. Во таа смисла папата Фрањо како пример ја дава Марија која со мајчинската нежност ја одразува Божјата љубов која ги прифаќа на сите луѓе, без разлики. Заради тоа е важно да дозволиме Господ да нѐ обликува – напомена Папата, за да ја зајакне нашата пасторална љубов, преку која никој не е исклучен од нашите грижи и од нашите молитви. Тоа нѐ спречува меѓу останатото да се изолираме во сопствениот дом, на работното место или во забавата, и нѐ охрабрува да излеземе за да се сретнеме со луѓето – рече и поттикнувајќи ги свештениците да не се клерикализираат, истакна дека клерикализмот е изопаченост.
Што се однесува пак до клучните зборови, односно „помирувањето“, папата Фрањо истакна дека пастирите се повикани да придонесат за градење конструктивни односи меѓу луѓето, повикани се да ги исткаат разичните алки кои се разредени или се отсечени на повеќебојната „тилма“ односно наметката на културите која го обликува општетсвеното и верското ткиво на нацијата. (…)
Сегашното време – потсети Папата, бара исто така поглед на братство. Пред глобализираната реалност меѓусебно поврзани со социјалните мрежи и средствата за комуникација, потребно е гледање на заедништво и единство кое нѐ поттикнува на воспоставување на братство. Потребно е исто така да се охрабрат верниците да имаат почит кон нашиот заеднички дом и да бидат градители на новиот свет во соработка со сите. За тоа се потребни вера и мудрост за да се размислува за таинството на Бог и од тој видик да се толкуваат знаците на времето.
Папата Фрањо на крајот ги поттикна на свештениците да не престанат да ги продлабочуваат корените на верата кои произлегуваат од богатиот процес на инкултурација на Евангелието чиј пример е Пресвета Богородица Гвадалупска. (…)
Ватикан њуз/к.мк