Папата Фраљо на 14 јуни 2024 години прими реномирани комичари од целиот свет и ја истакна нивната важна улога во зближувањето на луѓето преку смеата.
Средбата ја организираше Дикастеријата за култура и образование, а Папата во својот говор истакна дека „меѓу сите професионалци кои работат во телевизија, кино, театар, печатени медиуми, со песни и на социјалните мрежи“, се меѓу најомилените, бараните и најпопуларните. „Секако затоа што сте многу добри во она што го правите, но има и друга мотивација: ја имате и негувате дарбата да ги насмеете луѓето“, рече Папата.
Среде толку многу тмурни вести, токму тие имаат моќ да шират мир и насмевки. „Вие сте меѓу ретките кои имаат способност да разговарате со сите типови на луѓе, од различни генерации и културни средини. На свој начин ги зближувате луѓето, бидејќи смеата е заразна“, рече Папата и додаде дека радоста нè отвора за споделување и „е најдобар противотров за себичноста и индивидуализмот“. Смеата помага и во рушењето на социјалните бариери, создавање врски меѓу луѓето и овозможува изразување на емоции и мисли, придонесувајќи за градење заедничка култура и создавање простор на слобода, нагласи Светиот Отец.
Талентот на комичарите е драгоцен, рече. „Со насмевка шири мир во нашите срца и меѓу другото ни помага да ги надминеме тешкотиите и да се справиме со секојдневниот стрес. Ни помага да најдеме олеснување во иронијата и да одиме низ животот со хумор“. Тој призна дека и самиот ја моли молитвата на Свети Тома Мор, Бог да му даде смисла за хумор, бидејќи тоа му помага да пристапи кон работите со вистинскиот дух. Друго „чудо“ на комичарите е способноста да ги насмеат луѓето дури и кога се занимаваат со сериозни теми, додаде Папата. „Ја осудувате прекумерната моќ, им давате глас на заборавените ситуации, ги истакнувате злоупотребите, предупредувате на несоодветното однесување… но без да ширите тревога и ужас, вознемиреност или страв“. Понатаму, тој ги потсети дека кога ќе успеат да ги насмеат луѓето, дури и ако е само една личност, тие исто така го насмевнуваат Бога.
Хуморот помага да се разбере и да се стекне чувство за човечката природа, рече Светиот Отец и додаде дека хуморот „не ги навредува, не ги понижува, не ги „приковуваа“ луѓето на нивните грешки“. Хуморот никогаш не е „против“ некого, туку е „инклузивен и проактивен и буди отвореност, симпатија и емпатија“. Како што рече Папата, „можеме дури и да се смееме на Бога, додека си играме и се шегуваме со оние што ги сакаме“. Но, тој истакна дека тоа мора да се направи без да се навредуваат верските чувства на верниците, особено на сиромашните.
Своето обраќање Светиот Отец го заврши со благослов на присутните и нивните вештини. „Продолжете да ги развеселувате луѓето, особено оние на кои им е најтешко да гледаат на животот со надеж“, рече тој. „Помогнете ни, со насмевка, да ја видиме реалноста со нејзините противречности и да сонуваме за подобар свет!
Ватикан њуз/к.мк