После катехезата на Генералната аудиенција во среда 12 мај 2021 година, поздравувајќи ги полските верници, Светиот Отец потсети дека на 13 мај е празникот Богородица од Фатима. Да се ставиме со доверба под нејзината мајчинска заштита, особено кога наидуваме на тешкотии во нашиот молитвен живот – рече Петровиот наследник. Покрај тоа, тој истакна дека на 13 мај е и 40-годишнината од атентатот врз Свети Иван Павле II. Тој самиот истакна дека својот живот и го должи на Богородица од Фатима. Овој настан нè прави свесни дека нашиот живот, како и историјата на светот се во Божји раце – потсети Папата.
Потоа Светиот Отец истакна: На Безгрешното срце на Марија, ја доверуваме Црквата самите себе и целиот свет. Да молиме за мир, за крај на пандемијата, за дух на покајание и за наше преобраќање – рече Папата и поттикна да се моли Светата Бројаница, за крај на пандемијата и за продолжување на социјалните и работните активности, за кои во текот на овој месец молат некои богордични светилишта. Денес, оваа богородична молитва е предводена од светилиштето на Пресвета Богородица на Бројаницата во Намјанг, Јужна Кореја – рече папата Фрањо и поттикна: Да се обединиме со присутните во ова светилиште, молејќи се посебно за децата и младите.
Ватикан њуз/к.мк