Во сабота, 11 јануари 2025 година, папата Фрањо во аудиенција ја прими делегацијата на COVIRÁN – Задругата на големите продавници „Virgen de las Angustias“ во Гранада, но со филијали во различни делови на светот, по повод 65-годишнината од нејзиното основање: „Соработувајте, здружете ги сили, формирајте мозаик каде што сите се важни.“
Да ги вреднуваме добрата што ги имаме за да го поддржиме одржливиот развој и да им помогнеме на оние кои имаат потреба поради природните катастрофи, конфликтите, маргинализацијата или инвалидитетот – со овие зборови папата Фрањо ја поттикна работата на COVIRÁN, синџир на големи продавници посветени на Пресвета Богородица Тажна покровителката на Гранада, во Шпанија, со повеќе од 2.750 подружници ширум светот, вклучително и во Португалија, Гибралтар, Екваторијална Гвинеја и Островите Зеленортски Острови. По повод 65-годишнината од нивното формирање, во Ватикан беше примена делегација на задругата, која работи во согласност со социјалната наука на Католичката црква.
Да се овозможи развој во општеството
Со интерес читам за работата што ја работите како компанија и како фондација – рече папата Фрањо, примајќи ги претставниците на COVIRÁN на 11 јануари 2025 годна, пред Генералната аудиенција по повод Јубилејот. Оваа комбинација ми изгледа важна, бидејќи првата помош што можеме да му ја дадеме на општеството е да ги подобриме добрата што ги имаме, со професионална услуга која ги задоволува реалните потреби на луѓето и овозможува одржлив развој. Така е можно – додаде Папата – да им ја понудиме нашата помош на оние на кои поради природните катастрофи, војните, инвалидитет или социјална исклученост им е потребна дополнителна поддршка.
Наследувајте ја Богородица
Папата Фрањо им даде две многу конкретни укажувања: првата е да соработуваат, да работат заедно, да ги здружат силите, да формираат мозаик каде секој човек е важен, но во исто време свесени дека убавината на делото се гледа како целина. Втората е да се огледаме на Дева Марија, причината и примерот за овој потфат, за со тоа ангажирање побожно да ѝ се довериме и истовремено да ја наследуваме во духот што треба да владее во нашата работа – рече папата Фрањо и на крајот праша – Има ли подобар слоган за компанијата од вашето, од тоа дека можеш да кажеш дека се однесуваш со нив „како што мајка би направила“?
Ватикан њуз/к.мк