Папата покани 500 сиромашни луѓе на ручок

Папата покани 500 сиромашни луѓе на ручок

За Светскиот ден на сиромашни, кој го прогласи папата Фрањо, а ќе се одржи на 19 ноември 2017 година, заедно на една маса ќе седнат верници, семејства и заедници со лица во потреба. Ова го предвидува иницијативата на Папата, која во вторник 13 јуни 2017 година беше презентирана во Ватикан. Самиот папа Фрањо ќе даде таков пример: 500 лица во потреба на овој ден ќе бидат поканети на ручок со папата Фрањо.

Најпрво ќе се служи света Литургија со околу 6000 лица, а потоа во ватиканската сала Павле VI црковни организации за помош ќе организираат ручок за лицата во неволја.

Во вторникот Ватикан ја објави и пораката на папата Фрањо за Првиот Светски ден на сиромашните, кој од оваа година ќе се одржува во Црквата секоја претпоследна недела од месец ноември. Исто така овој Светски ден со иницијативи ќе се повторува секоја година и во Ватикан – соопштено е на прес конференцијата.

Основањето на еден ваков ден папата Фрањо го најави минатата година на завршувањето на „Година на милосрдието“.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот