По молитвата Ангел Господов во недела 3 ноември 2024 година, папата Фрањо ги пзодрави групите верници на плоштадот Свети Петар и повторно упати апел да замолчи оружјето и да се даде простор за дијалог и решавање на проблемите преку закон и преговори. Своите мисли исто така ги упати на Украина, Блискиот Исток, Мјанмар и Јужен Судан и ги охрабри верниците да молат за населението во Валенсија.
Ја поздравувам групата Emergency Roma Sud, која се труди да потсети на единаесеттиот член од италијанскиот Устав кој вели дека „Италија ја отфрла војната како инструмент за напад на слободата на другите народи и како средство за решавање на меѓународните спорови“. А тој принцип нека биде имплементиран низ целиот свет: нека биде забранета војната, а прашањата нека се решаваат со закон и со преговори. Нека змолчи оружјето и нека се направи простор за дијалог! Да молиме за настраданите Украина, Палестина, Израел, Мјанмар, Јужен Судан.
Како што прави секоја среда и недела, папата ги наброја областите опфатени со конфликти – во кои страдаат Украина, Палестина, Израел, Мјанмар и Јужен Судан – список кој сега стана навика, исто како што скоро се навикнавме на насилството што се случува секојдневно во овие земји, изразено во напади, проектили, пукање и бомбардирање на домови и цивилни објекти.
На крајот од молитвата Ангел Господов, Папата не заборави да упати молитва за жителите на Валенсија кое страдаше во катастрофалните поплави и по катехезата посветена на љубовта кон Бога и ближните, ги повика верниците на своевидна мобилизација, пред се духовна, но и конкретна, поради трагедијата што ја погоди Шпанија.
Ватикан њуз/к.мк