На крајот од Генералната аудиенција во среда 9 ноември 2022 година папата Фрањо, покрај повикот за молитва за Украина своите мисли ги упати и на мисионерката која почина во 1925 година и беше прогласена за блажена минатата сабота во Кенија, каде што живееше и беше сведок на Евангелието дваесет години.
„Го обновувам мојот повик да молиме за измачената Украина: да измолиме од Господа мир за овие луѓе кои се многу измачени и кои трпат многу голема суровост, толку многу суровост од платениците кои војуваат“, рече Папата, обраќајќи се верниците на плоштадот Свети Петар.
Папата потсети на италијанската монањиња во Африка, сестра Марија Карола Чечин од Конгрегацијата на сестрите на Свети Јосиф Бенедето Котоленго, која почина во 1925 година на 48 годишна возраст и која минатата сабота во Меру (Кенија) беше прогласена за блажена. Папата Фрањо ја нарече „сведок на Евангелието на милосрдието на африканското население“.
Нејзиниот пример на добра и мудра жена нека ги зајакне оние што работат за ширење на Царството Божјо.
Ватикан њуз/к.мк