Во поздравот до италијанските верници собрани на редовната Генерална аудиенција во среда, 19 октомври, папата Фрањо повика на молитва за „маченичката Украина“.
„Да се вратиме во нашите мисли на маченичката Украина и да молиме за Украина: да молиме за грдите работи што се случуваат таму, мачење, убиства, уништување“, рече Папата.
Еден ден претходно, во кратката порака на популарната корисничка мрежа Твитер од 18 октомври, Папата на Богородица го довери украинскиот народ и сите народи кои страдаат од војна, насилство и беда. „Да молиме заедно со децата од сите континенти кои денес ја молат Бројаницата за мир во светот. Да го довериме маченичкиот народ на Украина и другите земји во кои владеат војната, насилството и бедата на посредништвото на Пресвета Богородица“, напиша Папата, осврнувајќи се на иницијативата на Фондацијата „Помош на Црквата во потреба“ „Милион деца молат Света Бројаницата“.
Иницијативи на Фондацијата „Помош на Црквата во потреба“ Папата исто така ја спомна и во недела за време на молитвата Ангел Господов, 17 октомври: „Следниот вторник, 18 октомври, Помош на црквата во потреба ја промовира иницијативата „“ „Милион деца молат Света Бројаницата за мир во светот.“ Благодарност до сите момчиња и девојки кои учествуваат! Да им се придружиме во ова и да го довериме посредништвото на Богородица на украинскиот народ и на другите народи кои страдаат поради војна или сите други форми на насилство и беда“.
Ватикан њуз/к.мк