Во четврток, на 21 февруари 2019 година започнува средбата на папата Фрањо со претседателите на епископските конференции. После молитвата Ангел Господов на 17 февруари 2019 година, Светиот Отец повика на молитва за тој настан.
После молитвата Ангел Господов, папата Фрањо го најави состанокот со претседателите на епископските конференции на тема заштита на малолетниците кој ќе се одржи во Ватикан од 21 до 24 февруари 2019 година. Притоа повика на молитва за таа средба, која ја свика како чин за да се изрази пасторалната одговорност пред тој итен предизвик на нашето време. На крајот Светиот Отец ги поздрави ходочасниците од разни делови од Европа.
Светиот Отец ќе присуствува на целиот настан, а на крајот ќе даде резиме на сето она што е речено и обработено.
Ватикан њуз/к.мк