Папата Фрањо ги одобри Декретите за херојските крепости на Божјите слуги Енрихета Белтраме Кватрочи, ќерка на брачната двојка прогласени за блажени во 2001 година, фрањевецот Пласидо Кортезе, кој почина од тортурата нанесена од Гестапо и младата мајка Кристина Села Мочелин.
Во понеделник, 30 август 2021 година, папата Фрањо го прими во аудиенција кардинал Марчело Семераро, префект на Конгрегацијата за прогласување светци, при што одобри три декрети, кои ги потврдуваат херојските крепости на кандидатите за блажени. Следниот чекор на овие Божји слуги треба да биде признавање на чудо под нивно застапништво.
Во оваа листа се наоѓаат 37 годишен италијански фрањевец о. Пласидо Кортезе (1907-1944), познат по помошта која ја давал на луѓето прогонувани од нацистите за време на Втората светска војна, бил затворен од Гестапо во Трст, каде што починал од тортура.
Мајката херој, Италијанката Кристина Села Мочелин (1969-1995), која почина на 26 годишна возраст, откако одби третман за рак, кој може да му наштети на нејзиното трето дете, кое го носеше во утробата.
Римјанката Енрихета Белтраме Кватрочи (1914-2012) ќерка на брачната двојка, блажените Луиџи и Марија, кои беа прогласени од папата Иван Павле II во 2001 година. Иако сакаше да ги следи стапките на своите браќа и сестри, кои станаа свештеници и монахињи, Енрике го посвети својот живот на грижата за своите постари родители, волонтирање и трпеливо надминување на економските и здравствените проблеми.
Ватикан њуз/к.мк